Седници на три собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Членовите на Комисијата за европски прашања треба да ги разгледаат предлог-законите за парничната постапка, за Академија за судии и јавни обвинители, за адвокатурата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. На дневен ред е и Предлог-законот […]

Регионален саем „Убавините на регионот Шара – Кораб – Коритник“


  Македонското еколошко друштво (МЕД) и „Пријателите на Шара“ денеска на Попова Шапка организираат регионален саем „Убавините на регионот Шара – Кораб – Коритник“. Саемот е во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара – Кораб – Коритник“, што МЕД го спроведува со партнери од регионот и Германија. Главна цел на проектот е подобрување на […]

Сончево со умерена облачност, во западните делови со услови за локален дожд


  Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер. Максималната […]

Одбележување на Меѓународниот ден за универзален пристап до информации


  Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска со конференција ќе го одбележи 28 Септември – Меѓународниот ден за универзален пристап до информации. На конференцијата ќе бидат презентирани наодите од спроведената анализа на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со препораки за унапредување […]

СДСМ: Страницата од Арачиново е злоупотребена и се оградуваме од повикот за војниците


  Откако на социјалните мрежи се појави повик на општинската организација на Арачиново на СДСМ во која се повикуваат кандидатите за војници да се пријават кај ракводителот на огранокот, партиската централа се огради од таа објава.   Во соопштението се нагласува дека „СДСМ целосно се оградува од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во […]

Руски регрути се јавуваат во Украина за да се предадат уште пред да отидат на фронтот


  Русите се јавуваат во Украина за да се предадат пред дури и да биде регрутирани во војска, бидејќи моралот во редовите на Путин пропаѓа, тврди Киев. Андриј Јусов, портпарол на Министерството за одбрана, рече дека мажите кои се плашат од мобилизацијата стапуваат во контакт на телефонската линија за предавање за да проверат како безбедно […]

Фронтекс: Бројот на Руси кои влегуваат во ЕУ зголемен за 30 проценти


  Бројот на Руси кои влегуваат во ЕУ нагло се зголеми по најавената делумна мобилизација на Москва, при што илегалните гранични премини веројатно ќе се зголемат доколку Русија одлучи да ги затвори границите за потенцијалните регрути, соопшти европската гранична служба Фронтекс. – Минатата недела, речиси 66.000 руски граѓани влегоа во ЕУ, што претставува зголемување за […]

Германија сепак нема да ги затвори преостанатите нуклеарни централи


  Германскиот министер за економија и енергија Роберт Хабек денеска изјави дека во земјата ќе продолжи да работат две од нејзините три преостанати нуклеарни централи до април следната година за да се спречи потенцијалниот недостиг на електрична енергија во наредните месеци. Хабек привремено го откажува долгогодишниот план на Германија за затворање на преостанатите нуклеарни централи […]

Утврден Предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје


  Владата на денешната 85-та седница го разгледа и го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување. – Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи зачувување на природната состојба на […]

Владата го задолжи УО на „Водостопанство“ да го раскине менаџерскиот договор со директорот


Денеска, Владата ја разгледа Информацијата со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 проценти пристигната од АД „Водостопанство на Република Северна Македонија“, за која на една од претходните седници беше упатено барање од Владата за појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и беше […]

Владата одобри 1,1 милијарда денари за континуирано снабдување со топлинска енергија


  Владата  на денешната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје. Беше донесена Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари (околу 17,8 милиони евра) за набавка на енергенти, пред почетокот на грејната сезона, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, […]

Претседателот на Кина во јавност по неколкудневно отсуство


  Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повторно се појави на државната телевизија по неколкудневно отсуство од јавноста, што предизвика реакции за политичката стабилност на 69-годишниот кинески лидер. Си беше прикажан на телевизија за време на посетата на изложбата наречена „Прославување на напредокот во новата ера“ на саемот во Пекинг. Придружуван од премиерот Ли Кечијанг и […]

Земјотрес со јачина од пет степени во турскиот град Ардахан


  Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди градот Ардахан во Турција. Канцеларијата за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот ја погодил областа Голе во 17 часот и 8 минути по локално време.   Како што јави агенцијата Анадолија, земјотресот е регистриран на длабочина од седум километри.   Нема […]

Медиуми: Завршниот турнир во Лигата на нации во Холандија


  Завршниот турнир во фудбалската Лига на нации ќе биде одигран во холандските градови Ротердам и Еншеде од 14 до 18 јуни идната година, јавија денеска локалните медиуми. Пласман во финалниот турнир засега обезбедија Холандија, Хрватска и Италија, додека четвртата репрезентација ќе биде Португалија или Шпанија. УЕФА сè уште официјално не ја соопшти земјата домаќин, […]

Радијаторите се „вжештија“ и пред почеток на грејната сезона


  Дали грејната сезона која што почнува за дваесетина дена граѓаните ќе ја дочекаат со топли радијатори е прашање коешто си го поставуваат над 50 илјади домаќинства, институции и приватни фирми коишто се корисници на системот на централно греење во Скопје. Од една страна, надлежните министри смируваат и уверуваат дека парно ќе има, а од […]

Ламбе Алабаковски доби условна казна за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“


Пејачот Ламбе Алабаковски, кој го подметна пожарот во бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, доби шест месеци условна казна. Судот ја донел одлуката минатата недела, а од денеска таа е правосилна. Клубот беше запален на 4-ти јуни годинава, утрото пред работната средба на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска со колегата од Македонија, […]

Изгласана иницијативата Општина Центар да произведува струја


Со 16 гласа „за“ е изгласана иницијативата за формирање јавно претпријатие за производство и трговија со електрична енергија, со поставување фотоволтаици во Општина Центар. Оваа одлука беше изгласана на 14-та седница на Советот на Општината. Советниците од градоначалникот бараа одговори за тоа колку би ја чинело општината ново јавно претпријатие и зошто се брза за […]

Грција предлага формирање европски фонд за справување со високите цени на природниот гас


 Формирање европски фонд во висина од 80 милијарди евра за справување со последиците од високите цени на природниот гас, предлага Грција, преку писмото до извршниот потпретседател на ЕК надлежен за европскиот зелен договор Франс Тимерманс и до комесарот за енергетика Кадри Симсон, испратено од министерот за животна средина и енергија Костас Скрекас, јави дописничката на […]

Гром удри во пистата на аеродромот во Белград, летовите суспендирани


За време на големото невреме кое го зафати Белград нешто по 15 часот, гром удри во пистата на аеродромот „Никола Тесла“. Аеродромот „Никола Тесла“ за Нова.рс потврди дека пистата била погодена од гром и дека надлежните служби работат на проценка на ситуацијата. „За време на силното невреме кое во попладневните часови го зафати областа Сурчин, […]

УКИМ, УКЛО и Универзитетот на ЈИЕ ја потпишаа Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки


  Ректорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, на Универзитетот „Климент Охридски” (УКЛО) од Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, и на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) од Тетово, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, кои во исто време се и членови на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија, […]