Ламбе Алабаковски доби условна казна за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“


Ламбе Алабаковски

Пејачот Ламбе Алабаковски, кој го подметна пожарот во бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, доби шест месеци условна казна.

Судот ја донел одлуката минатата недела, а од денеска таа е правосилна.

Клубот беше запален на 4-ти јуни годинава, утрото пред работната средба на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска со колегата од Македонија, Бујар Османи во Скопје. Тоа предизвика остри реакции во јавноста.

По подметнувањето на пожарот, пејачот беше притворен, а неколку дена подоцна пуштен во домашен притвор и му беше дозволено да се брани од слобода.

При опожарувањето изгорени беа влезната врата и натписот „Ванчо Михајлов“ од Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола. Внатре немаше нанесена штета.