Гром удри во пистата на аеродромот во Белград, летовите суспендирани


За време на големото невреме кое го зафати Белград нешто по 15 часот, гром удри во пистата на аеродромот „Никола Тесла“.

Аеродромот „Никола Тесла“ за Нова.рс потврди дека пистата била погодена од гром и дека надлежните служби работат на проценка на ситуацијата.

„За време на силното невреме кое во попладневните часови го зафати областа Сурчин, пистата на белградскиот аеродром беше погодена од гром и беше оштетена. Оперативните служби во моментов ја проценуваат ситуацијата. Наш приоритет е безбедноста на патниците и авионите, а соодветно на сите летовите се привремено прекинати“, соопштија од аеродромот.