„Пари“: Колку пари одат кај работниците, колку задржуваат газдите?


  Кај десетте најголеми работодавачи во 2021 година, работеле 25.647 работници. Заедно, тие направиле приход од околу 1,1 милијарди евра, што е околу 10 проценти од целиот бруто-домашен производ. Во просек, ова значи дека секој работник е одговорен за создавање на годишен приход од 42.890 евра, или месечен од 3.574 евра (218.140 денари). Сите компании во кои […]

Трудо: Канада ќе воведе нови санкции кон Москва за „лажните“ референдуми


Канада ќе воведе нови санкции кон Москва поради „лажните“ руски референдуми во четири окупирани украински региони, изјави премиерот Џастин Трудо. -Канада никогаш нема да ги признае резултатите од референдумите или обидот на Русија за илегална анексија на украински територии, рече канадскиот премиер. „Имаме намера да воведеме нови санкции против поединци и ентитети кои се вклучени […]

Министрите за енергетика на 15 земји-членки на ЕУ бараат ограничување на големопродажната цена на природниот гас


Воведување ограничување на големопродажната цена на природниот гас, бараат 15 земји-членки на Европската унија преку писмо испратено до комесарот за енергетика Кадри Симсон и додаваат дека на вонредниот состанок в петок на министрите за енергетика на Унијата очекуваат конкретен предлог во оваа насока, јави дописничката на МИА од Атина. Писмото го објави грчкиот премиер Кирјакос […]

Гром усмрти три лица во Софија, уште едно лице се бори за живот


Три лица се усмртени, а четврто се бори за живот по удар на гром вчера попладне во центарот на Софија. Како што неофицијално јавува бугарската национална телевизија, загинатите се сириски државјани на возраст од 20 до 30 години. Инцидентот се случил кога четири лица стоеле под големо дрво кое било погодено од гром. Кај тројца […]

Кање Вест со „апостолки“ и црни чорапи на модна ревија


Кање Вест присуствуваше на модната ревија на „Барбери“ во Лондон завчера, комбинирајќи ја својата целосно кожна облека со сосем неочекувани обувки – влечки „апостолки“ над црни чорапи. Неговите влечки со циркони, имено, беа дел од ревијата, а има и модел со високи потпетици. Инаку, 45-годишниот рапер е познат по својот „уникатен“ вкус за обувки, па […]

Куба остана без струја по ударот на ураганот Ијан


  Цела Куба остана без електрична енергија откако ураганот Ијан го погоди западниот дел на земјата оставајќи 11 милиони жители на островот во темнина, соопшти денеска владата на оваа карипска земја. Шефот на кубанската електроенергетска компанија соопшти на државната телевизија дека прекинот на електричната енергија е поради дефект на националниот електроенергетски систем. Официјални лица велат […]

Пристапот до услуги за репродуктивно здравје да биде гарантиран и во услови на криза


  Родово праведно општество во кое абортусот ќе биде безбеден, легален и пристапен за сите жени, без стигма и дискриминација е барањето што денеска, на 28 септември – Меѓународниот ден на безбедниот абортус, го упатуваат илјадници поборници за репродуктивна слобода до своите влади во светот. По тој повод, Платформата за родова еднаквост нагласува дека пристапот […]

Русија поставува пунктови за мобилизација на излезите од земјата


  Руските власти соопштија дека ќе постават контролни пунктови на некои од границите на Русија за насилно да ги мобилизираат руските мажи кои се обидуваат да избегнат регрутирање бегајќи од земјата. Рускиот министер за внатрешни работи за Северна Осетија, Аланија, Андреј Сергеев, изјави на Телеграм дека „сериозно се зголемува протокот на лични возила кои се […]

Канада е против реизбор на Русија во ИЦАО


  Канада ќе се спротивстави на реизборот на Русија во Агенцијата за воздухопловство на Обединети нации, изјави синоќа канадскиот министер за транспорт Омар Алгабра на маргините на Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО). – Важно е Русија да одговара за своите постапки и ние нема да ја поддржиме руската номинација во Советот, истакна […]

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман именуван за премиер


  Според кралскиот декрет што вчера беше објавен преку официјалната агенција СПА, саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман, е именуван за нов премиер на земјата, функција што традиционално ја извршува кралот. Според указот на кралот Салман, престолонаследникот Мохамед „ќе биде претседавач на Советот на министри“. Во Саудиска Арабија, кралот е шеф на државата и претседава со […]

Зошто Путин би сакал да го разнесе „Северен тек“?


  Сомневањето за саботажа на гасоводот „Северен тек“ звучи како да доаѓа од прирачникот на Владимир Путин за паника, ескалација и насочување на настани, пишува британски „Телеграф“. Нелегалната војна на поранешниот агент на КГБ предизвика западни санкции без преседан. Сепак, рускиот претседател е убеден дека неговиот народ може да ги издржи економските тешкотии многу подолго […]

ЕК: Протекувањето на гасот во „Северен тек“ е чин на саботажа


  Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека протекувањето на гасоводот во гасоводот „Северен тек“ во Балтичко Море е „чин на саботажа“. „ Со данската премиерка Мете Фредериксен разговарав за чинот на саботажа на „Северен тек“, напиша Фон дер Лајен на Твитер. „Најважно е да се истражат инцидентите и целосно да […]

Мелони: Украина може да смета на поддршка од новата италијанска влада


  Џорџа Мелони синоќа преку твитер вети целосна поддршка за Украина од нејзината претстојна влада. – Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста!, напиша Мелони на Твитер. Таа, исто така, остро ја осуди Русија и изминатите постојано повторуваше […]

Пентагон: САД немаат забележано промени на состојбата на нуклеарните сили на Русија  


  САД засега немаат забележано промени на состојбата на нуклеарните сили на Русија, што би предизвикало промени на состојбата на американските нуклеарни сили, укажа синоќа портпаролот на Пентагон Пат Рајдер.  Тој рече дека САД, секако, ги примаат мошне сериозно нуклеарните закани од Русија.  -Општо земено, Русија исто така не врши значајни измени на состојбата и […]

Од денеска времен режим на сообраќај на патот Велес – Градско и од Ново Лагово до Боротино


  Поради градежни работи за „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градскo”, наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од денеска па во наредните девет месеци, согласно одобрениот Времен режим на сообраќај. Од денеска започнуваат градежни зафати (асфалтирање) и на патниот правец R2339 од Ново Лагово до Боротино, сообраќајот ќе биде во прекин […]

Основачката на Глобален клуб на жени лидерки Г 100, Харбин Арора во посета на Скопје


  На Универзитетот за туризам и менаџент во Скопје, денеска ќе се одржи настан во организација на Глобалниот клуб на жени лидерки Г100 – Скопје, на кој ќе присуствуваат и основачката на Клубот, Харбин Арора со нејзиниот тим, кои престојуваат во земјава во рамки на проектот за посета на жените лидерки во регионот. Во Глобалниот […]

Средно Водно, Горно Нерези и Крушопкек и делови од Припор, Капиштец и Горно Соње денеска без струја


  Без електрична енергија денеска од 8:00 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од Средно Водно, Горно Нерези и Крушопек. Во периодот од 9:00 до 14:30 часот денеска без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Христо Татарчев“ бр. 23 во населба Припор, општина Кисела Вода. Од 8:00 до 12:00 часот […]

Свеченост за завршување на проектот на Јапонската програма за мали проекти


  Јапонскиот амбасадор во земјава Хиронори Савада денеска ќе присуствува на церемонија по повод завршување на проект во рамки на Јапонската програма за мали проекти (ГГП). Церемонијата е во организација на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје и директорот проф. д-р Виктор Исјановски, како знак на благодарност за донацијата во вкупна вредност од 40.420 евра.

Промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски


  Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски, издадена од Книгоиздателство Ми-Анна. Како што соопштија од КИЦ, оваа книга претставува едно од првите вакви дела кај нас во кое се анализираат прашањата поврзани со промените што се случуваат во нашата современост, и на глобален и […]

Изложба на македонска еколошка мода и дизајн „Slowscapes“


  Во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ во Скопје од денеска ќе биде отворена изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes”. За ова издание на изложбата беше објавен отворен повик, при што стручното жири  ги одбра брендовите и дизајнери – „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине. Како што е најавија […]