Кање Вест со „апостолки“ и црни чорапи на модна ревија


Кање Вест присуствуваше на модната ревија на „Барбери“ во Лондон завчера, комбинирајќи ја својата целосно кожна облека со сосем неочекувани обувки – влечки „апостолки“ над црни чорапи.

Неговите влечки со циркони, имено, беа дел од ревијата, а има и модел со високи потпетици. Инаку, 45-годишниот рапер е познат по својот „уникатен“ вкус за обувки, па во минатото носеше и гумени влечки, а најчесто се држи до чифт што самиот го дизајнирал…

Ревијата на „Барбери“ требаше да се одржи за време на Модната недела во Лондон на почетокот на овој месец, но беше одложена поради смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември. Креативниот директор Рикардо Тиши, долгогодишен пријател и соработник на Кање Вест, ѝ оддаде почест на покојната кралица со тоа што ја прекина музиката на една минута пред крајот на шоуто.

Музичарот-дизајнер во неделата им изрази сочувство на граѓаните на Лондон за смртта на кралицата, велејќи дека „ги разбира бидејќи и тој ја загуби својата кралица“ – мислејќи на поранешната сопруга Ким Кардашијан.