Јавните претпријатија во Скопје денеска добиваат нови директори


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изјави дека денеска во текот на денот ќе ги објави имињата на новите директори на јавните претпријатија. „Постапката е завршена, комплементарно ќе бидете информирани. Кога ќе бидат објавени имињата. Многу брзо… во тек на денот“, изјави Арсовска. Голем дел од институциите под Град Скопје се без директор, бидејќи директорите […]

Се реконструира улицата „Димо Хаџи Димов“ за да нема поплави


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изврши увид на градежните активности на улицата „Димо Хаџи Димов“, инфраструктурен проект во вредност од 41 милон денари, кој како што нагласи се реализира со цел да се овозможи зголемена безбедност. – Се работи за површина над 6.200 квадратни метри и должина од 800 мери. Меѓутоа, уште поважно, […]

Русија ќе им продава евтина нафта и гас на талибанците


  Талибанците соопштија дека потпишале прелиминарен трговски договор со Русија. Според авганистанскиот министер за трговија и индустрија Хаџи Нурудин Асиси, Русија ѝ понудила на талибанската влада попуст на просечните цени на светските пазари за суровините. Русија сега треба да испорачува околу еден милион тони бензин, еден милион тони дизел, 500.000 тони течен нафтен гас (ЛПГ) […]

Нуредини: Ние инсистираме да се увезе јаглен и мазут по стандарди


Без разлика што се очекува тешка зима во однос на набавката на енергенси, Министерството за животна средина и просторно планирање инсистира увезените енергенти да бидат по зацртаните стандарди, за дополнително да не се загадува воздухот. – Сите се бориме да обезбедиме струја, енергија за сите граѓани и за приватниот сектор. Да, за жал така е, […]

Продадена првата од запленетите јахти на руските олигарси


  Непознат купувач ја купи луксузната јахта „Аксиома“ од рускиот олигарх Димитри Пумпиански на задолжителна аукција во Гибралтар за 37,5 милиони долари, објави судот на британската прекуморска територија на јужниот дел на Шпанија. „Аксиома“ долга 73 метри е првата јахта во сопственост на олигарх што сменила раце поради санкциите кои произлегуваат од руската агресивна војна […]

Пронајдено телото на славната алпинистка Хилари Нелсон до врвот Манаслу на Хималаите


  Тим за пoтраги во Непал го извлече телото на познатата американска ски-планинарка Хилари Нелсон до врвот на планината Манаслу на Хималаите. Нелсон (49) со својот партнер се спушташе на осмиот највисок врв на светот кога исчезна во понеделникот. Спасувачите во средата го пронајдоа нејзиното тело на јужната страна на врвот од 8.163 метри. Претходните […]

Отворен е повикот за собирање младински предлози за зелена Кисела Вода


Во тек е отворениот повик за собирање на младински предлози за зелена Кисела Вода. Повикот се спроведува преку соработката на Општина Кисела Вода и здружението Go Green – Биди Зелен. Од Општината го објавија прашалникот кој младите треба да го пополнат и да го искажат своето мислење за начините на кои може да се воведат зелени […]

Продолжува потрагата по возачот и евентуални сопатници од возилото кое излета во реката Вардар кај Желино


Во околината на тетовско Желино и денеска продолжува потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот што излета вчера во реката Вардар. Тетовската полиција вчера околу 11 часот и 30 минути доби пријава дека излетало возило марка „фолксваген голф 4“ со кумановски регистерски таблици, кое во текот на денот беше извлечено од речното корито со […]

Притвор за 71-годишен битолчанец за полов напад врз дете


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 30 […]

Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК


Лидерот на Левица Димитар Апасиев денеска ја поднесе Иницијативата за референдум до Државната изборна комисија. -Денес Левица поднесе предлог за поднесување граѓанска иницијатива за референдум. Народот треба да го има зборот кога станува збор за прашања од национален интерес, изјави Апасиев. Левица најави целосна блокада на Собранието, доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и […]

ЕБРД ни предвидува раст од 2,7 отсто годинава и 2,3 отсто во 2023 година


Европската банка за обнова и развој во најновиот Извештај за регионалните економски изгледи предвидува раст за Северна Македонија од 2,7 отсто во 2022 година и 2,3 отсто во 2023 година. Според ЕБРД  клучни ризици се постојано покачените цени, фискалните и ранливостите на надворешниот сектор, како  и пролонгираното заклучување во Кина заедно со прогнозираното забавување на […]

Пет земји-членки на НАТО учествуваат во воената вежба во Унгарија


Повеќе од 1.200 војници од пет земји-членки на НАТО со употреба на тенкови, хаубици и борбени хеликоптери почнаа воени вежби во близина на  Будимпешта, што ќе траат до крајот на септември. Во воената вежба Храбар воин 2022 учествуваат војници од Унгарија, САД, Италија, Словачка и од Хрватска, кои користат хеликоптери Апачи, тенкови Леопард 2, самоодни […]

Приведена скопјанка, ги принудувала своите малолетни деца да питачат


 На подрачјето на Аеродром-Скопје вчера во 17.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје осомничена за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините […]

Бугарија: Цената на еден купен глас за изборите стигна до 50 евра


  Цената на еден купен глас сега е околу 100 лева (50 евра), изјави за Нова ТВ заменик-главниот секретар во МВР, Станимир Станев. На претходните избори се споменуваа различни суми, но најчесто се споменуваше цената од 50 лева за глас. Високата инфлација очигледно се одрази и на овој пазар. Високиот полициски службеник раскажа и за […]

И Австрија ја враќа контролата на границата со Словачка


  Австрија од вечерва воведува контроли на границата со Словачка, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи. Одлуката уследи откако Владата на Чешка најави дека од 29 септември привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка поради зголемената илегална миграција. Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракусан изјави дека годинава 1.200 отсто повеќе луѓе илегално […]

Од почетокот на воената агресија врз Украина илјадници Руси пристигнале во Белград


  Од почетокот на воената агесија на Русија врз Украина во февруари, зголемен е бројот на доселување на руски државјани во Србија, најмногу во Белград и Нови Сад, а по мобилизацијата на интензитет добија и барањата за засолниште и за трансфер, јави дописникот на МИА од Белград. Доселувањето на голем број Руси во Србија, се […]

Промоција на „Мастерклас: разговори со домашни режисери“ од Златко Ѓелески


  Во Младинскиот културен центар во Скопје вечер ќе се одржи промоција на збирката интервјуа „Мастерклас: разговори со домашни режисери“ од Златко Ѓелески, во издание на ПНВ Публикации. Книгата ќе ја претстави Влатко Галевски, а разговорот со авторот ќе го води Јулијана Величковска. „Мастерклас“ содржи шест долги и темелни разговори со режисерите Милчо Манчевски, Владимир […]

Мила Кунис за болеста на Ештон Кучер: Среќни сме што сме заедно


  Ештон Кучер неодамна откри дека се бори со ретко автоимуно заболување наречено васкулитис. Поради оваа болест, тој привремено не можел да слуша и гледа. Со неговата сопруга, глумицата Мила Кунис за „Ентертејнмент тунајт“ сега проговорија како го пребродиле тешкиот период. – Мислам дека немате време да седнете и да разговарате, едноставно минувате низ тоа. […]

Пендаровски: Бошњаците се интегрален дел од македонското општество


  Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјава по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. -Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, ние различноста на идентитетите […]