Нуредини: Ние инсистираме да се увезе јаглен и мазут по стандарди


Фото: Б. Грданоски

Без разлика што се очекува тешка зима во однос на набавката на енергенси, Министерството за животна средина и просторно планирање инсистира увезените енергенти да бидат по зацртаните стандарди, за дополнително да не се загадува воздухот.

– Сите се бориме да обезбедиме струја, енергија за сите граѓани и за приватниот сектор. Да, за жал така е, имаме големи дебати во Владата како ние тоа ќе го обезбедиме дали ќе биде со јаглен или со гас. Битно е ние да обезбедиме енргетика за граѓаните и приватниот сектор. Секако ниеа како министерство бараме тие тврди енергенси што ќе ги увезиме да бидат согласно стандардите и законски. Тоа значи дека ние заедно со министерството за економија бараме добавувачот да потврди дека стандардот на јаглен е онаков како што законски е дозволен во државата, исто и за мазутот – рече Нуредини по завршниот настан на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје”.

Далио зимата ќе биде тешка, тоа е јасно, секаде е така, и во Европа. „Но, сите заедно ние треба да пробаме солидарно да бидеме енергетски ефикасни, за да поминеме добро“.

– Ние сега имаме заем за водите од 50 милиони евра, кој помина во Собрание и ќе инвестираме во сите општини. Сега чекаме во Собрание да помине закон за задолжување од ЕБОР за да се направи инфраструктурата за регионални депонии, камиони и друго.

Нуредини уверува дека ќе продолжиат да работат на подобрување на животната средина.