Јавните претпријатија во Скопје денеска добиваат нови директори


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изјави дека денеска во текот на денот ќе ги објави имињата на новите директори на јавните претпријатија.

„Постапката е завршена, комплементарно ќе бидете информирани. Кога ќе бидат објавени имињата. Многу брзо… во тек на денот“, изјави Арсовска.

Голем дел од институциите под Град Скопје се без директор, бидејќи директорите кои дојдоа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ си поднесоа оставки, а дел добија отказ.

јавните претпријатија без директори се двесетина дена откако  најпрво Арсовска го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, поради влијание врз тендерот за изградба на пречистителна станица. Набрзо потоа оставки дадоа директорите на „Градски паркинг“ , „Дрисла“, „Улици и патишта“ и на „Лајка“. Сите тие ги поднесоа оставките со образложение дека немале комуникација и соработка со Арсовска. Градоначалничката пак извести дека од нив била побарана оставка бидејќи не биде испорачани резултати.

Поради смената на директорите прекина и соработката на Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја поддржа нејзината кандидатура на локалните избори.