Пронајдено телото на славната алпинистка Хилари Нелсон до врвот Манаслу на Хималаите


 

Тим за пoтраги во Непал го извлече телото на познатата американска ски-планинарка Хилари Нелсон до врвот на планината Манаслу на Хималаите.

Нелсон (49) со својот партнер се спушташе на осмиот највисок врв на светот кога исчезна во понеделникот.

Спасувачите во средата го пронајдоа нејзиното тело на јужната страна на врвот од 8.163 метри. Претходните извештаи велеа дека таа паднала во пукнатина во глечер.

Нелсон се сметаше за една од најдобрите планинарки на нејзината генерација.

Во 2018 година, таа и нејзиниот партнер Џим Морисон станаа првите луѓе кои скијаа на планината Лоце во Непал, четвртиот највисок врв во светот.

Таа е и првата жена што се искачи на највисоката планина во светот Еверест и на Лоце, кој е во непосредна близина, во период од 24 часа.

Морисон и тројца шерпа водичи беа оставени со хеликоптер за да го извлечат телото на Нелсон на околу 6.000 метри на Манаслу во средата наутро, соопштија организаторите на експедицијата.

„Телото е донесено во базниот камп. По завршувањето на неопходните правни процедури, ќе биде пренесено со хеликоптер во Катманду“, изјави Џибан Гимир, управен директор на Шангри-Ла Непал Трек, објави „Катманду пост“.

Претходните обиди за пребарување на хеликоптер беа неуспешни и отежнати од лошите временски услови.

Истиот ден кога Нелсон исчезна, едно лице загина, а повеќе од десет беа повредени во лавина подолу на истиот врв.

Според очевидци, таа паднала во длабока процеп во мразот само 15 минути по освојувањето на врвот Манаслу.