Аларм во Велика Британија: Се појави вирус кој се сметаше за искоренет, загрозени се малите деца


На речиси милион деца под девет години во Лондон ќе им биде понудена итна вакцинација против детска парализа, откако здравствените работници потврдија дека вирусот што ја предизвикува болеста се шири низ Лондон. Вирусот е откриен во 116 примероци од отпадни води, за прв пат по 40 години. Примероците се земени во осум различни делови на […]

(Видео) Јато делфини спаси маж од напад на ајкула


Јато делфини спаси маж од напад на голема бела ајкула во близина на Нов Зеланд. Пливањето во друштво на делфини е сон на многумина авантуристи. Но, еден Британец пливањето со делфините ќе го памти до крајот на животот. Адам Вокер пливаше со делфини покрај брегот на Нов Зеланд. Во еден момент, само неколку метри подалеку, […]

Шломо Минц со најтежок репертоар за виолинисти на „Охридско лето“- емотивни бранувања со Ернст и Паганини


  Емотивни бранувања кај публиката која е љубител на класичната музика предизвика синоќешниот концерт на американско-израелскиот виртуоз на виолина Шломо Минц  кој се одржа во рамките на Американската вечер  на 62-то „Охридско лето“. Пред почетокот на концертот се обрати вршителот на должност Амбасадор на САД во Република Северна Македонија, Ерик Мајер. -Почестен сум што сум […]

Русија до ОН: Светот оди во пропаст


 Руското Министерство за надворешни работи упати остри обвинувања против Обединетите Нации околу ескалација на безбедносната криза во украинската нуклеарна централа Запорожје и предупреди дека светот е „пред пропаст“. Воедно, рускиот амбасадор во ОН за утре побара седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата со нуклеарката. – За жал, ОН играше негативна улога во овој […]

Кривична за „самовластие“ за вработената во „Коуминална хигиена“ што одзеде телефон од новинар


Министерството за внатрешни работи информираше дека во врска со пријавено кривично дело „самовластие“ од страна на Фуркан Салиу,  новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП Комунална хигиена-Скопје во просториите на јавното претпријатие, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен. Новинарот претходно за случајот информираше преку својот фејсбук профил, […]

Ковачевски ќе оди на Генералното собрание на ОН


Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи македонската делегација што годинава ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Според најавите од ОН, делот за обраќање на премиерите и претседателите е резервиран од 20 до 26 септември.  Минатата година во ОН се обрати претседателот Стево Пендаровски, а поради начелно договорениот принцип за ротирање, годинава […]

Почина Љубиша Никодиновски-Биш, еден од основачите на Млад отворен театар


Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976. Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско. Во 2010 беше прогласен за почесен претседател на МОТ. Се занимаваше со и театарска критика и есеистика, а бил […]

Барселона сака да го ангажира Силва за 50-60 милиони евра


Барселона е заинтересирана да го ангажира играчот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва за 50-60 милиони евра. Новинарот Жерар Ромеро тврди дека во наредните денови ќе има средба меѓу претставници на клубовите и играчот, на која подетално ќе се разговара за зделката. Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред сака да се […]

Петрески: Ефектите од зголемувањата на каматната стапка треба допрва да се почувствуваат


Народната банка демонстрираше јасни чекори за стабилизација на инфлациските очекувања и за справување со инфлацијата во среднорочна перспектива, така што ефектите од тие зголемувања на каматната стапка треба допрва да се почувствуваат, бидејќи потребно е одредено време за да се согледаат ефектите, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески во изјава за МИА. коментирајќи ја најновата одлука […]

Намалена невработеноста во Грција


За 0,4 отсто во споредба со мај годинава и за 2,9 проценти во споредба со јуни 2021 година, се намалила невработеноста во Грција, која за месец јуни изнесува 12,1 отсто, согласно официјалните податоци од Грчката служба за статистика, а според надлежниот министер веќе е на нивото од 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Прскање против возрасни форми комарци претстојниот викенд во Скопје


Авионската дезинсекција против возрасни форми комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе на 13 август (сабота) и 14 август (недела) во раните утрински часови, соопшти РЦУК. Доколку временските прилики не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, како што се посочува, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските прилики ке бидат поволни и […]

Мелинда Гејтс го продава своето богатство


По нејзиниот развод минатата година, Мелинда Френч Гејтс си замина со акции вредни најмалку 6,3 милијарди долари во различни компании кои ѝ беа префрлени од поранешниот сопруг Бил Гејтс. Таа веќе продаде речиси една четвртина од таа сума, пишува „Форбс“. Според прегледот на „Форбс“ на поднесоците од Комисијата за хартии од вредност, Френч Гејтс се […]

Човечки труп пронајден по течението на Треска


Во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, вчера околу 14 часот пронајден е човечки труп, информира СВР Охрид. Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Чивнинг стипендии на Владата на Обединетото Кралство


Чивнинг секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2023/2024 година од 2 август до 1 ноември 2022, со пријавување на www.chevening.org/apply. За 2023/2024 на глобално ниво ќе бидат доделени над 1500 Чивнинг стипендии. Тие се дел од глобалната програма на британската Влада за стипендирање, финансирана од Министерството за надворешни работи, комонвелт и развој. Стипендиите поддржуваат студирање […]

Затворени три популарни плажи на Тасос


  Поради високите температури во грција и опасност од избивање на пожари, затворени се три најпопуларни плажи на Тасос. Грчките власти воведоа посебни мерки за да го заштитат локалното население и турстите. Пристапот е забранет на најпопуларните плажи – Порто Вати, Мермерна и Парадајс, а освен тоа сообраќајот е ограничен и на некои патишта. На […]

СДСМ објави фотографии каде летуваат загрижените функционери на ВМРО-ДПМНЕ


Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, ја нарече лажна и лицемерна загриженост на ВМРО-ДПМНЕ за економската состојба на граѓаните, аргументирајќи го тоа со фотографиите од кои се гледа каде летуваат, додека некој друг пишува соопштенија со кои критикуваат. „Портпаролот Димче Арсовски кој на прес конференции глуми загрижен за економската состојба, својот летен одмор го минува во […]

Бугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Северна Македонија


 Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “. Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по […]

Руската новинарка Овсјаникова обвинета за ширење лажни информации за армијата


 Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка против поранешната уредничка на Канал еден (Channel One), Марина Овсјаникова, под обвинение за ширење лажни информации за руската армија, изјави нејзиниот адвокат Дмитри Захватов за руски медиуми. Како што тој додаде, претресен е нејзиниот стан. Во средината на март, Овсјаникова „влета“ во ТВ студио за време на програма во […]

Над милион таблети калиум јодид од Романија за Молдавија


 Над милион таблети калиум јодид ѝ даде Романија на Молдавија, соопштија од молдавското Министерство за здравство. Истовремено, се уверува дека во моментот нема опасност од радијација. Граѓаните беа повикани да останат смирени. Донацијата е резултат на разговори меѓу министерката за здравство Ала Немеренко и нејзиниот романски колега Александру Рафила. Романскиот министер за здравство ги повика […]

„Блиц“: САД подготвуваат закон за санкционирање на дестабилизирачките активности на Балканот


Група американски сенатори од Демократската и Републиканската партија презентирале предлог-закон кој има за цел да го поддржи економскиот развој, трговијата и борбата против корупцијата во Западен Балкан, јавува српски „Блиц“. Според медиумот, станува збор за предлог-закон познат како Закон за демократија и просперитет на Западен Балкан, а заедно со него американските сенатори објавиле и предлог-закон […]