(Видео) Јато делфини спаси маж од напад на ајкула


Јато делфини спаси маж од напад на голема бела ајкула во близина на Нов Зеланд.

Пливањето во друштво на делфини е сон на многумина авантуристи. Но, еден Британец пливањето со делфините ќе го памти до крајот на животот.

Адам Вокер пливаше со делфини покрај брегот на Нов Зеланд. Во еден момент, само неколку метри подалеку, се појави голема бела ајкула, пренесе Дејли Мејл.

„Случајно погледнав долу и ја здогледав ајкулата, беше на неколку метри под мене. Се обидов да не паничам“, се сеќава Адам.

Тој тврди дека делфините формирале „заштитен прстен“ околу него во моментот кога ајкулата му се приближила. Како што вели така го заштитиле од потенцијални напади.