Кривична за „самовластие“ за вработената во „Коуминална хигиена“ што одзеде телефон од новинар


Министерството за внатрешни работи информираше дека во врска со пријавено кривично дело „самовластие“ од страна на Фуркан Салиу,  новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП Комунална хигиена-Скопје во просториите на јавното претпријатие, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен.

Новинарот претходно за случајот информираше преку својот фејсбук профил, а истиот го пријавил и во Министерството за внатрешни работи. 

– Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и активности за документирање  на кривично правниот настан, при што на 09.08.2022 во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје  повикана е А.М.Б., која го одземала мобилниот телефон на оштетениот Ф.С. и со неа е извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело, се вели во денешното соопштение од МВР. 

Исто така на 09.08.2022 година во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С.К., вработен во ЈП Комунална хигиена- Скопје, кој бил присутен за време на настанот.

По извршената консултација со ОЈО Скопје, против А.М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.