До недела нестабилно време со пороен дожд и посвежо


  До недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и под просекот за овој период од годината. Утре […]

Драмски театар со претставата „Кармен“ на фестивалот РУТА во Хрватска


  Драмски театар Скопје, со монодрамата „Кармен“ во петок на 12 август ќе учествува на фестивалот РУТА. Гостувањата на членките од Регионалната унија на театри со своите претстави се реализираат со настап на отворената фестивалска сцена на Бриони во Хрватска. Домаќин на летново издание на РУТА е театарот Улисис. Фестивалската програма на Брионие во рамките […]

Огласи за вработување на 520 образовни асистенти за работа со ученици со попречености


Министерството за образование и наука објави огласи за вработување образовни асистенти на определено време за три основни училишта со ресурсни центри, кои во учебната 2022/2023 година ќе работат со ученици со попречености во редовна настава во повеќе општини. Двесте асистенти во огласот за ОУРЦ „Златан Сремец“-Скопје ќе бидат ангажирани во основни училишта во општините: Јегуновце, Тетово, Теарце, […]

„Лупење идеи“ – фестивалот „МакеДокс“ од 18 до 25 август во Скопје


  Под мотото „Лупење идеи“, годинава од 18 до 25 август ќе се одржи 13-то по ред издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Фокусот на годинешното издание е ставен на развојот на идеите. Фестивалот ќе се одржи на четири локации во Скопје, и тоа во Куршумли ан, пред платото на Музејот на Македонија, […]

Индустриските производи за една година поскапеле 19,6 отсто


Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво, а за 19,6 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика. Во јуни, во споредба со мај 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен […]

Бестрашен , исто како „Соваж“- Џони Деп потпиша нов 7-цифрен договор со Диор


  САД- Џони Деп (59) е подготвен да се врати на работа. Откако излезе како победник во тужбата за клевета против поранешната Амбер Херд, актерот ветеран потпиша нов профитабилен договор со „Диор“ од 7 цифри за да продолжи како заштитно лице на машкиот мирис на Диор, Sauvage, меѓу најпродаваните во светот. Навестувајќи дека врската меѓу […]

За една година увозните цени во одделот Кокс и рафинирани нафтени производи зголемени за 132 отсто


Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јуни годинава се повисоки за 14,2 отсто на месечно ниво и за 131,8 отсто на годишно ниво, информира Државниот завод за статистика. Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија […]

Грција по 12 години излегува од зголемениот надзор на ЕУ


Факт е постигнувањето на уште една голема национална цел, вели министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас за излезот на земјата на 20 август од режимот на зголемен надзор и додава дека Грција, по 12 години се враќа во европската нормала и повеќе не е исклучок во еврозоната, јави дописничката на МИА од Атина. Стајкурас […]

Џил Бајден му помага на „Нешнл географик“ да ги промовира националните паркови


  САД– Џил Бајден му помага на National Geographic да ја промовира својата претстојна документарна серија за американските национални паркови. Првата дама го претставува секој дел од „Националните паркови на Америка“, серија од пет епизоди, планирана да се емитува во последователни ноќи почнувајќи од 29 август. Таа ја претставува серијата од Големиот Кањон и ги […]

БРО за медиумските објави за новите наставни програми: Се пласираат погрешни информации


По објавите во некои медиуми дека според новите наставни програми за основно образование децата во второ одделение ќе учат за идентитети, Бирото за развој на образованието (БРО), кое деновиве ги објави наставните програми за второ и петто одделение, реагира дека се пласираат погрешни информации. Од БРО велат дека фокусот се става на националните стандарди наместо […]

МЗ: Нема потврден случај со мајмунски сипаници во државава


На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници. Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница, станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање, соопшти денеска Министерството за здравство. Во моментов, […]

Шумски пожари во југозападна Франција


Шумските пожари и денеска беснеат во југозападна Франција, при што се уништени 16 домови, изгорени се 6.000 хектари површина, а речиси 6.000 луѓе мораа да се евакуираат од областа веќе погодена од големи пожари минатиот месец. Франција, како и остатокот од Европа, се справува со топлотни бранови и суша предизвикани од пожарите низ целиот континент […]

Почина Кирил Дојчиновски, легенда на македонскиот фудбал


На 78-годишна возраст почина Кирил Дојчиновски, еден од најголемите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал, објави ФФМ на својот фејсбук-профил. Македонскиот, но и светскиот фудбал останаа без легендарното име кои во својата играчка и тренерска кариера ќе остане запаметен како еден од најдобрите на овие простори. Дојчиновски засекогаш ќе остане запаметен во историјата на македонскиот […]

Можен ли е праведен даночен систем?


(Колумна за Дојче веле)   Воспоставувањето на праведен даночен систем е најзначајната и најтешката обврска во државите и со развиена парламентарна демократија. Тие што плаќаат – секогаш им е многу, тие што трошат – секогаш им е малку, иако секојдневно се во двете улоги и тие што плаќаат и тие што трошат буџетски пари. Владата […]

Како Грција стана најлошото место во Европа за слобода на печатот?


АТИНА – Кон крајот на јули, тим германски и француски новинари слета со громогласен извештај кој покажува дека граничната агенција на ЕУ, ФРОНТЕКС, работи со грчките власти за да ги одврати барателите на азил кои се мачат да стигнат до грчките брегови. Репортерите ширум Европа се тркаа да го следат откритието, кое обезбеди докази за […]

Грчка вечер со звуците на лирата и „Балкан Бордело“ на „Охридско лето“


  Со настап на триото „LEΣ LYRISTEΣ“ вечер во црквата „Света Софија“ ќе се одржи традиционалната Грчка вечер на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. На фестивалскиот репертоар е и театарска претстава „Балкан Бордело“ од Јетон Незирај, во режија на Бљерта Незирај, што ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“. Грчкото три „LEΣ […]

НБ: Основната каматна стапка останува 2,50 отсто, просечната инфлација до јули е 10,9 отсто


Каматната стапка на благајничките записи на Народната банка останува непроменета на ниво од 2,5 отсто, а понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари, соопшија од централната банка по одржаната редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБ. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за […]

Список на витамини кои никогаш не треба да ги пиете наутро


Витамините се пожелен додаток во исхраната, но времето во кое се земаат е многу важно. Не е исто дали ќе испиете одреден витамин наутро, после тренинг или пред спиење. Според лекарите, земањето одредени витамини наутро е погрешен потег. “Внесувањето витамини на празен стомак често може да го вознемири гастроинтестиналниот тракт. Многу луѓе чувствуваат стомачна болка, […]

„Доминос пица“ не ги придоби Италијанците, ја затвори и последната продавница


По седум години откако започна со работа во Милано, американскиот синџир „Доминос пица“ (Domino’s pizza) ја напушти Италија, откако не успеа да ги придобие Италијанците. Гигантот на пазарот за брза храна ја затвори и последната од своите 29 продавници на Апенинскиот Полуостров, по борбата да се позиционира во земјата што покажа оти тешко е да […]