Во јануари во Велика Британија можни се рстрикции на струја


Велика Британија подготвува планови за организирани прекини на струја за индустријата и домаќинствата во текот на зимата, кога ниските температури би можеле да се совпаднат со недостиг на гас, објави „Блумберг њуз“, повикувајќи се на неименувани владини претставници. Според „разумното сценарио за најлош случај“ на Владата на Велика Британија, недостигот на капацитет на електрична енергија може да изнесува околу […]

Од почетокот на годината само едно труење со храна, засилените контроли продолжуваат


Вкупно 72 претставки за безбедност на храната од кои 12 за променети органолептички својства кај млечни и сувомесни производи, 10 со наводи за присуство на контаминенти, 10 за сомнеж во безбедноста на производите и осум за сомнеж за труење со храна, се поднесени до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во првите шест месеци од […]

„Еуроникел индустри“ се приклучи кон Глобалниот договор на ОН за етичкото и одржливо работење


„Еуроникел индустри“ се приклучи на иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите нации со што и формално ја потврди примената на десетте принципи кои се однесуваат на заштитата на човековите права, на работните односи, животната средина и спречувањето корупција. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, што „Еуроникел индустри“ го прави во исклучителни економски услови, при што компаниите […]

Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари


Американскиот милијардер Илон Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари, што е најголема продажба досега. Тоа е со цел, како што тој тврди, да се избегне продажба на акции на производителот на електрични возила во последен момент, во случај да биде принуден да го продолжи договорот за купување на Твитер. Главниот извршен директор […]

ДЗР: Буџетот покус за 23 милиони евра, вратени само 29 отсто од субвенциите за придонеси и плати со ковид мерките


Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Преземени мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од Ковид 19“, во кој се истакнува дека како резултат на утврдената состојба се предизвикани намалени приходи во […]

Зоран Анчевски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП


  Збирката „Збунети компаси“ на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2022 година. Од 39 пристигнати книги во потесен круг, како што соопшти националната установа „Струшки вечери на поезијата“ влегле „Секој секому огледало“ од […]

Центар за граѓански комуникации: Високи ризици од корупција во набавките за КОВИД


Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19, изработен врз основа на длабински мониторинг на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година. Мониторингот детектираше дека јавните набавки поврзани со КОВИД-19 и во второто полугодие од 2021 […]

Подгответе се за „Garage sale“ во Рамстор Мол


Дали сте подготвени за најголемата распродажба во градот, со попусти до дури -70%? Од 11 до 17 aвгуст во „Рамстор мол“ започнува веќе добро познатата шопинг манија „Garage Sale“ под мотото Правиме чистка, вадиме се надвор! „Рамстор мол“ и оваа година по 17 пат, широко ги отвора вратите за сите посетители и подготвува неверојатна понуда […]

Се прави мониторинг на православното културно наследство во Македонија


 Во текот на мај, јуни и јули извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 православни сакрални објекти (цркви и манастири) во осумте епархии на МПЦ-ОА, што се наоѓаат на територијата на државава, во рамки на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – […]

ОН бара од Бугарија да ги заштити правата на македонското малцинство


Бугарија има обврска да ги почитува правата на малцинствата и да осигура дека никој нема да биде дискриминиран врз основа на нивниот слободно избран идентитет, соопштија за „Гласот на Америка“ од Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации на барањето да го искоментираат условот на Бугарија да се впишат Бугарите во македонскиот Устав, додека против […]

Полицијата застрела маж со нож на парискиот аеродром „Шарл де Гол“


Маж бил застрелан од полицаец утринава на аеродромот Роаси/Шарл де Гол, во близина на Париз, откако замавнал со нож, соопштија аеродромски и полициски извори. Полицијата утринава неутрализираше опасно лице кое имаше ладно оружје на аеродромот Роаси/Шарл де Гол, соопшти париската полициска префектура на Твитер.

Какви добивки „замесиле“ Силбо, Жито Лукс, Специјал, Диме…?


Државниот завод за статистика излезе со податок дека лебот и житата заеднички постигнале раст на цена од 36,5 проценти во јули годинава во однос на истиот месец лани. Од Сојузот на синдикати пак, пресметаа дека цената на лебот,  се зголеми за повеќе од 100 проценти. Но, и без овие пресметки секој купувач си знае колку […]

На полноќ во ЕУ стапува на сила забрана за увоз на руски јаглен


На државите членки на ЕУ повеќе нема да им биде дозволено да увезуваат јаглен од Русија по преодниот рок кој завршува денеска на полноќ. Ембаргото е дел од петтиот пакет санкции за кој Европската Унија се договори во април и ќе стапи на сила од четврток понатаму. Државите на ЕУ се договорија за преоден период […]

Се отстранува ламперијата во ООУ „Лазо Ангеловски“


Во основното училиште „Лазо Ангеловски“, во Општина Аеродром, овие денови се реновираат влезот и ходниците на приземјето, како и стариот дел на училиштето кое е во продолжение на новоизградениот дел. Навремено беа отстранети неколку опасни делови како старата дотраена ламперија, што претставуваше потенцијален извор на зараза од инсекти. Најголемото основно училиште во Аеродром во пресрет […]

Шест пожари изминатото деноноќие во Куманово, гори и во Охридско


Заштитен појас, багремова шума и сува трева горела, се запалил и кров на станбена зграда, вкупно шест пожари имало изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите вчера гаселе трева во близина на бензинска пумпа помеѓу селата Табановце и Костурник, каде горела сува трева и багремова шума-заштитен […]

Охрид го „воскресна“ Григор Прличев – дигиталниот споменик ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност


Синоќа Општина Охрид и Кирил Пецаков го промовираа дигиталниот паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид. „Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на […]

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Родос, спасени 29 лица


Од рано утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел јужно од грчкиот остров Родос за пронаоѓање на бегалци и мигранти, а веќе се спасени 29 лица од околу 80 кои се пренесувале во чамецот што се нашол во тешка положба, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека […]

УЈП: Напредниот начин на скенирање од апликацијата МојДДВ достапен и на „Гугл плејстор“


Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денес е достапна и на Google playstore. Корисниците на апликацијата, треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ  на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот ,,профил,, во прозорчето ,,тип на баркод скенер,, да одберат ,,напреден,, Управата за јавни приходи, […]

Судијката Мирјана Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите


Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд на Северна Македонија и национална координаторка на проектот на AIRE/РАИ за регионално поврзување на експерти од областа на конфискација и управување со имот произлезен од кривично дело, денес истакна дека меѓународната соработка е клуч за борбата против организираниот криминал. Лазарова Трајковска укажа на важноста на следење на стандардите […]

Во Скопје вчера казнети 163 возачи, 49 за брзо возење


На територијата на Скопје вчера се казнети 163 возачи во засилена полициска контрола. Од нив, за возење со брзина поголема од дозволената се изречени 49 санкции, 13  за возење без возачка дозвола, девет за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. -Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за нерегистрирани возила, седум […]