Се отстранува ламперијата во ООУ „Лазо Ангеловски“


Во основното училиште „Лазо Ангеловски“, во Општина Аеродром, овие денови се реновираат влезот и ходниците на приземјето, како и стариот дел на училиштето кое е во продолжение на новоизградениот дел.


Навремено беа отстранети неколку опасни делови како старата дотраена ламперија, што претставуваше потенцијален извор на зараза од инсекти.

Најголемото основно училиште во Аеродром во пресрет на новата учебна година добива нов и модерен изглед на површина од над 400 квадратни метри и е подготвено за пречек на новите првачиња!