СДСМ објави фотографии каде летуваат загрижените функционери на ВМРО-ДПМНЕ


Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, ја нарече лажна и лицемерна загриженост на ВМРО-ДПМНЕ за економската состојба на граѓаните, аргументирајќи го тоа со фотографиите од кои се гледа каде летуваат, додека некој друг пишува соопштенија со кои критикуваат.

„Портпаролот Димче Арсовски кој на прес конференции глуми загрижен за економската состојба, својот летен одмор го минува во Монте Карло. Јавно објавени фотографии покажуваат дека тој заедно со сопругата се на плажата Ники во Монте Карло, монденско место на кое летува светскиот џет – сет. Колку е скапо ова задоволство на Арсовски покажува и менито во ресторанот на плажата, каде една порција оброк достигнува и до 98 евра.

Истовремено, Христијан Мицкоски летува во Црна Гора, во близина на Котор, каде според информациите едно ноќевање во вила чини и 1.000 евра. Еве колку ВМРО-ДПМНЕ се загрижени за стандардот на граѓаните. Додека ја плашат јавноста со црни економски сценарија, функционери на ВМРО-ДПМНЕ трошат илјадници евра за одмор на луксузни локации. Вака ли ВМРО-ДПМНЕ го замислува протесното лето со кое ги лажеше граѓаните?Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, раскалашеност, безобразност и лицемерност, беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.  

Со демант веднаш се јави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски:

„Гледам ме споменуваат СДСМ на прес конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цензурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период“, порача Арсовски преку фејсбук. Според него се работи за слика од поодамна годинава, кога бил на посета кај  роднини од потесното семејство кои живеат во Франција.