Затворени три популарни плажи на Тасос
Поради високите температури во грција и опасност од избивање на пожари, затворени се три најпопуларни плажи на Тасос. Грчките власти воведоа посебни мерки за да го заштитат локалното население и турстите.
Пристапот е забранет на најпопуларните плажи – Порто Вати, Мермерна и Парадајс, а освен тоа сообраќајот е ограничен и на некои патишта. На турстите им се советува да не одат ни во селата во внатрешноста на островот, како што се теологус, Казавити, Кастро, Мариес. Исто така, се совветува дека во наредните денови населението и турситите бираат некои полесно достапни плажи.
„Заради сушата и силните ветришта, ризикот од пожари е многу висок, посебно во јужна Грција. Ваквата ситуација ќе потрае неколку дена“, предупреди грчкото биро за метеорологија.
Турситите од регионов, кои во моментот се на Тасос се лути на одлуката на властите. Велат дека платиле прескапи аранжмани, а пожарникари не им дозволуваат да одат до плажите. Особено не им се допаѓа што не можат ни да ги посетат селата во внатрешноста. Додаваат дека таму се на одмор, а не да предизвикуваат пожари.