„Виз ер“ со рекорден број превезени патници во јуни


„Виз ер“ (Wizz Air), превезе рекордни 4,34 милиони патници во текот на јуни. Ова претставува зголемување од 179 проценти во споредба со јуни 2021 година, соопштија од компанијата. Во текот на изминатите 12 месеци, „Виз ер“ брзо ја прошири својата разновидна мрежа, додавајќи 200 нови линии до 126 дестинации низ Европа и пошироко. За да […]

Олимписките игри во Лос Анџелес од 14. до 30. јули 2028


  САД – Организаторите на летните Олимписки игри 2028 во Лос Анџелес го одредија датумот за одржување на најголемиот спортски настан, објавувајќи дека американскиот град ќе им биде домаќин на светските спортисти од 14 до 30 јули. Церемонијата на свеченото отворање ќе се одржи на 14 јули на „SoFi“ стадионот во Лос Анџелес, а градот ќе биде домаќин и на Параолимписките […]

Нетфликс го најде својот Џемс Бонд во Рајан Гослинг и филмот „Сивиот човек“


  Во новиот филм на Нетфликс „Сивиот човек“, ликот на Рајан Гослинг се пошегува дека се вика Шест бидејќи е земен 007. Филмот е трилер со голем буџет, исполнет со ефекти во духот на авантурата за Џејмс Бонд. Нетфликс и режисерите на филмот се надеваат дека филмот, кој започнува да се прикажува в петок, ќе […]

Собранието го усвои Ребалансот на Буџетот за 2022 година


Собранието на денешната 78. седница со 61 глас „за“ го усвои Ребалансот на Буџетот за 2022 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 245,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3 отсто од БДП, што е пониско во однос на минатата година. Со […]

(Видео) Драма на аеродром во Сомалија: Патнички авион се преврте на пистата, веднаш се запали


Авион се превртел и се запалил на меѓународниот аеродром Адан Аде во Сомалија. За среќа, сите 36 патници и членови на екипажот преживеаја, соопшти сомалиската управа за цивилно воздухопловство. Станува збор за авион Фокер-50, произведен од холандската компанија „Фокер“, која е задолжена и за сервисирање на авионот. Портпаролот на „Фокер сервис“ изјави дека нема да […]

Боркица бара развод од Никола Груевски


  Три и пол години откако Никола Груевски побегна во Будимпешта за да го избегне издржувањето казна затвор за случајот со „мерцедесот“, неговата сопруга Боркица поднела барање за развод. Тоа може да се види од судските огласи во Граѓанскиот суд во Скопје. Во еден таков оглас стои дека „Боркица Груевска од Скопје, ул. ‘Павел Шатев’ […]

Костадиновска-Стојчевска од Брисел: На овој историски ден за нас започнува ново поглавје за македонскиот јазик


  – На овој историски ден за Северна Македонија, кога се одржа првата Меѓувладина конференција со ЕУ со што се отвора процесот за прием на земјава во европското семејство, започнува и едно ново поглавје за македонскиот јазик – порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Брисел. – Јазикот кој се говори на сцените на македонските […]

За 2.800 денaри зголемена платата на вработените во Општина Аеродром


Градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претставници на Синдикалната организација на Општина Аеродром денеска потпишаа измени на Колективниот договор, со што се врши линеарно зголемување на платата на вработените во администрацијата од 2800 денари. Градоначалникот Муцунски истакна дека оваа мерка се спроведува со цел да се постигне подобрување на условите во кои работат административните службеници, бидејќи […]

Пожарите и жештината предизвикаа хаос во Европа


  Неколку градови и места во Франција ги забележаа своите највисоки температури досега, додека речиси 2.000 пожарникари продолжија да се борат со огромните пожари на југозапад, а силниот топлотен бран што зафати поголем дел од западна Европа се пресели на север и на исток. Нант, во близина на брегот на Атлантикот, во понеделникот забележа 42 […]

И Македонија и Косово ќе се грижат за Шар Планина


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Косово, Флориан Ќехаја. На средбата од двете страни беше изразено задоволство за одличната комуникација и добрата соработка во повеќе области од заемен интерес, како и заедничката посветеност кон европските принципи. Нуредини и Ќехаја разменија мислења и ги разгледаа можностите […]

Јончевски нов селектор на македонските кошаркари


Ден откако македонската Кошаркарска федерација (КФСМ) спогодбено ја прекина соработката со српскиот стратег Драган Бајиќ за негов наследник на селекторското столче е назначен 41-годишниот Александар Јончевски. Новиот македонски кошаркарски селектор долги години е дел од стручниот штаб на репрезентацијата, првично како асистент на Марјан Лазовски во квалификациите за Олимписките Игри што се одржаа во Венецуела, […]

ДЗС доби донација АТВ возило за тешки пристапни терени


  Дирекцијата за заштита и спасување доби донација АТВ возило за тешки пристапни терени. Возилото во вредност од 17.650 евра, денеска во Скопје, го предаде амбасадорката на Романија Моника Аксинте. Донацијата е од романската влада преку Романската агенција за меѓународна развојна соработка – RoAid, во рамки на проектот насловен „Помош и трансфер на експертиза во […]

Вархеи: Опозицијата тврди дека е за европска иднина. Сега треба да го докаже тоа


  (Од нашиот известувач во БРИСЕЛ) – „Имав огромна чест да се обратам  денес на македонски јазик пред 27 земји членки на ЕУ. По 17 години се отвора процес на преговори со ЕУ. Првиот чекор кон нашата европска иднина е направен“, порача од заедничката прес-конференција со еврокомесарот Оливер Вархеи и чешкиот шеф на дипломатијата, Јан […]

„ХалкЕко“ и Јована Филиповиќ се здружија за еко торби и маици


Македонската дизајнерка Јована Филиповиќ се здружи со „Халкбанка“  за новиот општествено одговорен  проект „ХалкЕко“ за  дизајн за еколошки, ХалкЕко торби за повеќекратна употреба.   „ Овој пат, во време кога сите знаеме колку не е “ИН” да се користат пластични кеси при пазарење, сакавме да им понудиме на нашите HalkEco корисници вистински модни решенија за торби […]

Македонија ја достави унилатералната изјава за македонскиот јазик


  Како што беше најавено, Македонија денес ја достави унилатералната изјава околу македонскиот јазик која е приложена кон записникот од првата Меѓувладина конференција со ЕУ. Во неа се наведува дека македонскиот литературен јазик е кодифициран во 1945 година, дека тој се заснова на дијалектите кои биле распространети на територијата на денешна Македонија и дека државата […]

Бред Пит сними акциона комедија со Сандра Булок. Во Париз го покажа необичниот лежерен изглед


  Франција– Јапонските патнички возови „шинкансен“ достигнуваат максимална брзина од повеќе од триста километри на час и возењето во нив е уникатно адреналинско искуство. Како што се брзи како куршуми , ги нарекуваат „bullet train‘“, а сега во кината доаѓа истоимениот филм. Снимен е според истоимениот хит-роман на Котаро Исаке, а главните улоги ги толкуваат […]

Пендаровски им го честита на граѓаните почетокот на преговорите


  Македонскиот претседател го поздрави почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ и порача дека нѐ чека напорна работа. Еве ја изјавата на Стево Пендаровски: „Им честитам на сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. И покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за […]

Според Милошоски, Македонија денеска во Брисел влегла во лавиринт


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ по одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел го оцени настанот како манипулација и дека реално само Албанија ги почнала преговорите. „За жал, Македонија од денес па натаму влегува во еден лавиринт каде што историјата и минатото ќе бидат многу поважни од сегашноста, иднината и европските стандарди како за секоја нормална земја […]

Загубите на стотици тенкови во Украина покренуваат стратешки прашања за Русија


  Најмодерниот и технолошки најнапредниот руски тенк, „Т-90М“, се појави на фотографии и видеа во Украина само неколку пати од почетокот на инвазијата. Едно видео објавено на интернет минатата недела покажа „Т-90М“ на пат со кал, скриен под дрвја. Но, неговата релативна реткост – и технолошка софистицираност – не го спасија од украинските напади. Набргу […]

ДЗР: Финансиските извештаи не ја прикажуваат вистинито состојба на ГТЦ


Финансиските извештаи не ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје на ден 31 декември 2020 година, како и финансиската успешност и паричните текови за годината која завршува со тој датум, во согласност со применливата рамка за известување, […]