За 2.800 денaри зголемена платата на вработените во Општина Аеродром


Градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претставници на Синдикалната организација на Општина Аеродром денеска потпишаа измени на Колективниот договор, со што се врши линеарно зголемување на платата на вработените во администрацијата од 2800 денари.

Градоначалникот Муцунски истакна дека оваа мерка се спроведува со цел да се постигне подобрување на условите во кои работат административните службеници, бидејќи мотивиран персонал може да постигне многу повеќе за граѓаните и за општината. Истовремено, констатираше дека оваа мерка е неопходна, особено во време кога се соочуваме со висока инфлација и општа економска криза.

Со усогласувањето се предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на оние лица чија плата веќе беше зголемена со самото покачување на минималната плата.