„ХалкЕко“ и Јована Филиповиќ се здружија за еко торби и маици


Македонската дизајнерка Јована Филиповиќ се здружи со „Халкбанка“  за новиот општествено одговорен  проект „ХалкЕко“ за  дизајн за еколошки, ХалкЕко торби за повеќекратна употреба.

 

„ Овој пат, во време кога сите знаеме колку не е “ИН” да се користат пластични кеси при пазарење, сакавме да им понудиме на нашите HalkEco корисници вистински модни решенија за торби кои ќе бидат во линија со нивната еко свест – тренд кој заслужува поздрав и вистинско внимание. За таа цел, сосем природно, се обративме до Јована Филиповиќ, како една од најдобрите дизајнери во регионот а воедно и наш клиент, да го направи тоа на начин кој бевме убедени дека ќе ги исполни па дури и надмине нашите очекувања”, велат од тимот за корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанк.

Идејата зад проектот е да се спојат екологијата, самосвесноста и модата во еден производ, еко торби, на три различни начини.

Во процесот на дизајнирање на торбите, соработниците добиле идеја да се осмислат и маици кои ќе бидат изработени исто така од еко материјали и ќе ја зајакнат еко пораката.

Торбите и маиците се наменети за мажи и жени и се осмислени да можат лесно да се вклопат восекојдневнието, а дизајнот и боите се одбрани за да се вклопат во секој изглед. Сѐ е направено од 100% еко материјали и поголемиот дел од торбите, како и маиците се изработени во нашето студио до последен детал и со zero waste прозводство“, објаснува Филиповиќ.