Населението во Грција за десет години се намалило за 3,5 отсто


Вкупното постојано население на Грција изнесува 10.432.481 жители, за 383.805 помалку жители, односно 3,5 отсто во споредба со 2011 година, согласно привремените резултати од пописот во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на грчката служба за статистика Атанасиос Танопулос, денеска ги презентираше првичните резултати од пописот спроведен од октомври до декември 2021 година, […]

Итни мерки во Холандија поради горештините


Општинските власти и приватниот сектор во Холандија денеска презедоа итни мерки бидејќи температурите се искачија близу 40 степени, јави ДПА. Машини фрлаа сол на одредени патишта со цел да се намали температурата на површината. Општинските власти појаснија дека солта ја извлекува влагата од воздухот што доведува до намалување на топлината на асфалтот, што може да […]

Линда Евангелиста се враќа на голема врата со кампањата за Фенди


  САД– Моден камелеон, еден од најпознатите супермодели од златното доба на деведесетите, Линда Евангелиста имаше тажна судбина. Важеше за една од најубавите жени на светот, но своевремено се повлече од манекенството, а се осмели и јавно да проговори за својата голгота поради компликација на естетска процедура. Сега за прв пат по големото признание прифатила […]

Србија гради гасна интерконекција со Бугарија, наскоро и со Македонија


Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за енергетската безбедност на Србија е важно да има можност од повеќе снабдувачи со гас, поради што покрај градбата на гасна интерконекција со Бугарија, Србија забрзано се подготвува за изградба на интерконекција и со Северна Македонија, за што до септември ќе аплицира […]

Мишел: Македонци, го направивте првиот клучен чекор


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го поздрави почетокот на преговорите на Македонија и на Албанија со ЕУ.   „Конечно направивме важни чекори напред во отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Во Брисел се одржаа меѓувладини конференции на министерско ниво за спроведување на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година за отворање […]

РКЕ: Потрошувачите приклучени на Балкан Енерџи Груп да ги подмируваат фактурите


Потрошувачите кои се приклучени на Балкан Енерџи Груп да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија, велат од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Од РКЕ истакнуваат дека постојниот вршител на енергетска дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, согласно Законот за енергетика е должен […]

Првиот дигитален асистент во јавниот сектор – запознајте ја Ана од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје


Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ви ја претставува Ана, дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција кој има за цел да им помогне на граѓаните на Скопје со услугите на јавното претпријатие. Ова е прва и единствена технолошка иновација од ваков вид во јавниот сектор на ниво на нашата државa сѐ со цел побрзо […]

Студија: Нема голема корист од вбризгување хијалуронска киселина за артроза на коленото


  Нема голема корист од вбризгување хијалуронска киселина за артроза на коленото, покажа опсежна студија која ги потврди се поголемите сомнежи дека таков вид терапија ја ублажува болката. Студијата „не зборува во прилог на општата примена на вискосуплементација за ублажување на артрозата на коленото“ велат авторите на студијата објавена во Бритиш медикал џурнал. Артрозата на […]

Се преврте цистерна кај Виница


Во понеделникот во 18 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано ,,Каменолом“, товарно возило „ман“ со полуприколка – цистерна, и двете со бугарски национални ознаки, сопственост на правно лице од Бугарија, а управувано од Д.Ј.(58) од Бугарија, се превртело на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со […]

Силиконската долина во страв од рецесија – „Епл“ ги ограничува вработувањата


„Епл“ е уште еден во низата технолошки гиганти кои имаат ограничени планови за вработување и трошење, со образложение дека „Силиконската долина е загрижена за рецесија во наредните месеци“. Производителот на ајфон (iPhone) се обидува да го ограничи трошењето и растот на работните места во некои од неговите оддели, објави Блумберг. Повнимателниот став го следи пристапот […]

Надал ќе настапи на турнирот во Монтреал


  Канада– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде меѓу учесниците на мастерсот во Монтреал, потврди денеска директорот на турнирот Ежан Лапјер. Роџерс купот наизменично се одржува во Монтреал и Торонто, а Надал овој турнир во Канада го освојуваше пет пати во кариерата. – Надал навистина сака да дојде во Монтреал, веќе резервираше хотелски соби. Ние му ги испративме […]

Голферката Пејџ Спиранак прогласена за „најсекси жена на светот“


САД– Американската голферка Пејџ Спиранак е на врвот на листата „најсекси жени на светот“ во последниот број на списанието „Максим“. Професионалната спортистка од Колорадо, по сѐ, изгледа ужива во нејзиниот статус на секс-симбол, позирајќи покрај својата насловница, на црвениот тепих од хотелот „Чичи“. Во објава на Твитер, пак, таа напиша дека е „сè уште во шок“ од […]

Топлинскиот бран во Западна Европа не попушта: „Тие пожари се чудовишта“


  Западниот дел на Европа и понатаму е под силен топлински удар кој малку се движи кон север, пишува Би-би-си. Во Франција и во Велика Британија издадени се предупредувања за големи горештини, а северот на Шпанија вчера забалежа температури од 43 степени Целзиусови. Шумските пожари во Франција, Португалија, Шпанија и Грција присилија многумина на евакуација. […]

Најдолгиот пат до Брисел


 (Колумна за Дојче веле) Половина македонска влада и една голема група од над 50 новинари и фоторепортери летнаа со грчки авион за Брисел. За кого како, но за мене во тоа има некоја симболика. Сабајлево истурив една кофа вода според добрите обичаи да им оди работата со лесно. Денес се одржува првата меѓувладина конференција со […]

Во сообраќајна несреќа во Египет 22 загинати, 33 повредени


Најмалку 22 лица загинаа, а 33 се повредени денеска во сообраќајна несреќа во близина на јужната египетска провинција Миња, соопштија властите. Несреќата се случила утрово кога патнички автобус удрил во запрен камион на автопатот што го поврзува главниот град Каиро со јужниот дел на земјата.   Властите во соопштението наведоа дека камионот менувал гуми на […]

Фото галерија од почнувањето на преговорите меѓу Македонија и ЕУ


  Во Брисел денеска почнаа преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Прво имаше заедничка прес конференција на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со македонскиот, албанскиот и чешкиот премиер како претседавач, Димитар Ковачевски, Еди Рама и Петр Фијала. Потоа, околу 9,40 часот почнаа преговорите кои се случија 17 години по добивањето на […]

Вархеи: Комисијата ќе обезбеди непристрасни преговори според принципите на ЕУ


  (Од нашиот специјален известувач) БРИСЕЛ – На отворањето на меѓувладината конференција, еврокомесарот Оливер Вархеи рече дека денес е важен ден не само за Македонија, туку и за ЕУ. „Го чекавме овој момент прилично долго време. Ви честитам премиере и на вашиот тим  за напорната работа што ја завршивте изминатите години. Гласањето во Собранието во […]

Оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад и сопранот Марија Јелиќ вечерва на „Долни Сарај“


  Програмата на 62 издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на Оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад, Србија под диригентската палка на Аргентинецот Луис Горелик. Солист на вечерта ќе биде сопранот Марија Јелиќ. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Оркестарот на […]

Шумскиот пожар над селата Ореше и Папрадиште изгаснат од мештаните


Шумски пожар кој избувнал вчера над селата Ореше и Папрадиште, а предизвикан од човечки фактор, денеска е изгаснат од страна на мештаните. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопшти дека вчера во 20:05 часот од страна на шумар од ШС Бабуна биле известени дека при обиколка на место викано Плавник, бил забележан густ црн […]

Од документи до фотографии – ќе се дигитализира целокупното творештво на браќата Манаки


Државниот архив денеска соопшти дека во соработка со „Британската библиотека“ (British library), во наредните две години ќе го дигитализира целокупниот материјал и оставината на браќата Манаки. Проектот за соработка со „Британската библиотека” и за дигитализација на целокупното творештво на браќата Манаки, како што се посочува, веќе е потпишан од директорот на Државниот архив, д-р Емил […]