Топлинскиот бран во Западна Европа не попушта: „Тие пожари се чудовишта“


 

Западниот дел на Европа и понатаму е под силен топлински удар кој малку се движи кон север, пишува Би-би-си.

Во Франција и во Велика Британија издадени се предупредувања за големи горештини, а северот на Шпанија вчера забалежа температури од 43 степени Целзиусови. Шумските пожари во Франција, Португалија, Шпанија и Грција присилија многумина на евакуација.

Во Нант се забележани 42 степени Целзиусови

Британците го чекаат најтоплиот ден откако се вршат мерења, а стручњаците предупредуваат дека делови од Франција ги чека топлинска апокалипса. Француската национална метеоролошка канцеларија забележа 42 степени во Нант, каде просекот за ова време од годината изнесува 22 степени Целзиусови.

Пожарите во последните денови натераа повеќе од 30.000 луѓе на бегство. Жиронд, популарна туристичка дестинација на југозападот на Франција, посебно тешко е погодена, а пожарникарите се борат да ги контролираат пожарите кои од минатата недела уништија речиси 17.000 хектари земја.

Француски политичар: Пожарите се чудовиште

„Тое е чудовиште, тоа е споредбата која ми паѓа на памет, тие пожари се чудовиште“, вели началникот на регионот Жиронд, Жан-Лук Глизе.

„Тоа е како октопод, расте напред, расте од страна и од двете страни – што поради температурите, поради ветрот, што поради недостаток на вода во воздухот… Тоа е чудовиште и многу тешко е да се бори против него“, додаде Глизе.

Како што известуваат метеоролозите од Жиронд, се предвидува дека температурите полека паѓаат, но тоа може нема да донесе моментално олеснување, се додека траат сувите услови и променливите ветрови.