Бред Пит сними акциона комедија со Сандра Булок. Во Париз го покажа необичниот лежерен изглед


 

Франција– Јапонските патнички возови „шинкансен“ достигнуваат максимална брзина од повеќе од триста километри на час и возењето во нив е уникатно адреналинско искуство. Како што се брзи како куршуми , ги нарекуваат „bullet train‘“, а сега во кината доаѓа истоимениот филм.

Снимен е според истоимениот хит-роман на Котаро Исаке, а главните улоги ги толкуваат холивудските гиганти Бред Пит (58)и Сандра Булок. Во Париз се одржа европската промоција на акционата комедија за несреќниот платен убиец кој сакаше да си ја заврши работата на помирен начин откако некои мисии тргнаа наопаку. Филмската екипа предводена од Бред Пит се собра на брегот на реката Сена со најголемата париска знаменитост, Ајфеловата кула, во позадина.

Режисерот на филмот Дејвид Лајча е поранешен каскадер, а Бред Пит го запознал на снимањето на „Fight Club“. Пред осум години се посвети на режијата и во меѓувреме стана еден од најбараните акциони режисери.

Целиот заплет на филмот се одвива во воз чии патници вклучуваат пет најмени убијци чии мисии се меѓусебно поврзани, без тие да бидат свесни за тоа.
Бред Пит и Сандра Булок се покажаа како добитна комбинација во ‘Изгубениот град’,а новиот филм пристигнува во кината во август.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Joey King (@joeyking)