Во пожарот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос досега изгореле 12 отсто од заштитената шума
Околу 3.410 хектари или 12 отсто од заштитениот регион Натура 2000 досега изгореа во пожарот во Националниот парк Дадиа во Еврос, активен веќе седми ден, а противпожарните сили секојдневно, од копно и воздух се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Според сликата од сателитот Сентинел 2 преземена […]