Почна нападот на руските сили на Авдеевка, гранатирана и Днепропетровската област
Според бројни извештаи од Донецк, почна нападот на Авдеевка, каде се луша канонада и забележано е масовно гранатирање на украинските позиции.
Во текот на ноќта одекнаа повеќе експлозии во Николаев и во Харков.
Руските сили во текот на ноќта гранатираа два округа во Днепропетровската област, соопшти на Телеграм регионалниот функционер Валентин Резниченко, пренесе Украинаформ.
„Руските трупи гаѓаа два округа – Никополски и Криворишки. Во Никополскиот округ, непријателот два пати удри со 40 гранати. Жена на возраст од 54 години е ранета во Марганка. Се наоѓа во Болница3, се наведува во пораката
Гранатиран е единствениот мост на Дњепар во Керсонската област
Украинските трупи извршија удар на единствениот мост преку Дњепар во Керсонската област, кој руските сили го користат за снабдување, соопшти денеска заменикот на шефот на администрацијата на Керсонската област, Кирил Стремусов.
Украинската војска нападна со американските повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС, наведе Сремусов, пренесе АП. Гранатираниот мост е главен премин преку реката Дњепар во Керсонската област, а единствена друга опција за премин преку реката е браната во хидроелектраната во Каховка, која исто така минатата недела беше под удар на украинската војска, но остана отворена за сообраќај.
„Околу 36 ракети синоќа беа лансирани во Керсонската област. Повеќето, секако, беа соборени, но некои од нив ја погодија целта“, соопшти Сремусов, пренесе Тасс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека руските воени загуби пораснале на речиси 40.000, наведувајќи дека ранети се уште десетици илјади војници, а руската војска последен пат пријави жртви во март годинава која соопшти дека убиени се 1.351 војник.