Кои врвни спортисти ќе ја доделуваат државната награда ,,8 Септември”?


  Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната 19. седница го утврди новиот состав на Одборот за доделување на државната награда ,,8 Септември”. Поради истечениот мандат на стариот состав, Комисијата го изгласа новиот состав во кој претседател е Гордана Нацева, истакнат спортист и спортски работник, а за членови се избрани истакнатите спортисти […]

Во Хрватска речиси 2.000 новозаразени со Ковид-19, починаа 16 пациенти


  Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 1.899 новозаразени со корона вирусот, а бројот на активни изнесува, додека едновремено починаа уште 16 пациенти. На болничко лекување се 647пациенти, од кои 20 се на респиратор. До денеска тестирани се 5.033.741 лица, од кои 4.862 во последните 24 часа. Досега забележани се 1.180.857 заразени, од […]

Повик за достоинствено одбележување на Илинден во Крушево


 Достоинствено, со висока доза на почит и гордо да го одбележиме Илинден 2022 година, порача градоначалникот на Крушево Томе Христоски  во пресрет на одбележувањето на 119-годишнината од Илинденското востание и од Крушевската Република. Христоски  во повикот на достоинствено одбележување на големиот Илинден вели дека е наша одговорност да го славиме и да го чуваме и да се раководиме […]

Владата ги прифати барањата на бизнисот за струјата


  Прифатени се речиси сите барања на бизнис секторот за електричната енергија, а ќе стапат во сила од 1 август, со воведувањето на кризната состојба која веќе беше најавена, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши по работната средба со претставниците на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на која присуствуваше и претседателот на Регулаторната комисија за […]

Археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе се осветли на есен


  Археолошкиот локалитет „Баргала“ конечно ќе биде осветлен. Директорот на НУ Завод и музеј – Штип Митко Штерјов вели дека реалзиацијата на проектот ќе се случи на есен. Средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој. Штерјов појаснува дека минатата година конкуриле со […]

Сердар Акар нов режисер на популарната серија на „Балканска Приказна“


  Сердар Акар, продуцентот и режисер на легендарната „Збогум Румелија“, седна во директорската фотелја на Балканска приказна, ТВ серија којашто се емитува на Турската национална телевизија ТРТ 1, а веќе неколку месеци се снима во Скопје. Акар со филмовите што до сега ги има снимено и со напишаните сценарија, освои многу награди во Турција и […]

Лозано и бендот со двочасовен концерт во Маврово на 2 август


  Поп-пејачот Влатко Лозаноски – Лозано за празникот „2-ри Илинден“ ќе настапи во Маврово. Поточно, Лозано заедно со својот бенд ќе одржат двочасовен концерт во ексклузивниот ресорт „Радика“, а гости се очекуваат од повеќе градови на нашата земја, со оглед на тоа дека овој познат туристички центар е преполн за овие празнични денови… „Ова е […]

Литванија го забрани влезот на рускиот патријарх Кирил


Литванија му забрани на патријархот Московски и на цела Русија Кирил да влезе во земјата поради, како што тврди, „поддршка за руската специјална воена операција во Украина“, пишува денеска литванскиот портал Делфи, повикувајќи се на литванското Министерство за надворешни работи. „Патријархот на Москва и на цела Русија Кирил доби забрана за влез во Литванија поради […]

Правото на ЕУ преведено на македонски јазик ќе биде во Службениот весник на Унијата


  Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска потпиша Рамковна спогодба за превод на европското законодавство на македонски јазик со седум економски оператори. „Едно од клучните обележја на Европската унија отсекогаш била нејзината повеќејазичност и ние, со денешното потпишување на оваа Рамковна спогодба, со здружени сили ја докажуваме нашата заложба да придонесеме кон успешно објавување на правото на […]

Македонските пратеници го поддржаа приемот на Шведска и Финска во НАТО


Без било каква дискусија, со 103 гласа „за“ и со двајца „против“ го изгласаа Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за Шведска и за инска, со што Македонија практично даде зелено светло овие две земји да станат членки во алијансата.  Против гласаа двајцата пратеници на Левица, но сепак одлуката ја покажа […]

Во Ангола ископан розов дијамант, најголем во последните 300 години


Рударите во Ангола, ископаа розов дијамант за кој се верува дека е најголем пронајден во последните 300 години. Австралискиот оператор на наоѓалиштето во Ангола наведе дека розовиот дијамант од 170 карати наречен е Луло роуз. Дијамантот е пронајден во рудникот Луло на североистокот на земјата кој е богат со дијаманти и е еден од најголемите […]

Од полноќ дизелот ќе поевтини за два денара


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски денеска најави нови цени на горивата. Дизелот, како што рече, ќе поевтини за два денара. -Уште еднаш се потврдува дека РКЕ работи по јавно објавена методлогија, а до 2019 година методологијата беше таен документ и не смееше да се објави. Тие што не ставија на билборд, […]

Арсовска: Започнува реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов денеска извршија увид во почетокот на реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк. -Во успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на […]

Пуштена во употреба пречистителната станица во Кадино


Пуштена е во употреба пречистителната станица во населеното место Кадино припадна површина 3 која е со капацитет за 1250 еквивалент жители и ќе ги зафати отпадните води од фекалната канализација која е во должина од 3700 метри. Со изградбата на пречистителната станица ќе се овозможи да се зафатат отпадните води од над 300 домаќинства и […]

На патот Велес – Градско се вози по една лента поради сообраќајка


Сообраќајот на патниот правец Велес – Градско кај местото Венуле од 11:45 часот се одвива наизменично по една коловозна лента поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути. На останатите гранични […]

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новиот британски амбасадор, Метју Лосон


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниотамбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон. На свечената церемонија, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, оценувајќи дека Обединетото Кралство имаше круцијална улога […]

Од Тамара до Филхармонија – „Десет дена Крушевска Република“ со богата програма


  Со богата програма историско Крушево е подготвено за одбележувањето на 119-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република преку традиционалните културнонаучни средби „Десет дена Крушевска Република“. Манифестацијата почнува на 1 август и тоа од 18:30 часот кога почнува поворката што ќе се упати на Гумење, каде ќе се полагаат цвеќиња и ќе им се оддаде […]

Идентификувани двете сестри Саудијки пронајдени мртви во нивниот стан во Сиднеј


  Две саудиски сестри пронајдени мртви во нивниот стан во Сиднеј во „невообичаени“ околности минатиот месец беа идентификувани од полицијата, додека властите апелираа за повеќе информации. Полицијата ги откри телата на Асра Абдула Алсехли (24) и Амал Абдула Алсехли (23) на 7 јуни, откако се појави загриженост за нивната безбедност, се вели во соопштението во […]

До крајот на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и ветер


Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде утре. Во петок […]

Воздухопловни активности на „АП Криволак“ како дел од заедничката обука со Вооружените сили на САД


Во рамки на заедничките активности на Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД, со кои се изведува обука во координација помеѓу копнените и воздухопловните сили, денеска и утре на Армискиот полигон „Криволак“ ќе се реализираат летачки вежбовни активности со воени воздухоплови од Вооружените сили на САД. Како што соопштија од МО, во […]