По два негативни теста заврши изолацијата на Бајден за Ковид-19


Американскиот претседател Џо Бајден денеска  заврши со изолацијата на Ковид-19, откако двапати беше негативен, соопшти Белата куќа. Бајден, пренесе ДПА, минатиот четврток излезе позитивен на тестот за Ковид-19 и тогаш неговиот доктор соопшти дека имал „многу благи симптоми“. Тој отиде во изолација и му беше даден петдневна терапија со Паксловид, лек за третман на коронавирус. […]

ЕУ е „епицентар на откриените случаи“ на мајмунски сипаници, предупредува Киријакидес


Земјите-членки на ЕУ мора да го засилат својот одговор на избувнувањето на вирусот на мајмунски сипаници, порача еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес во писмото во кое денеска имаше увид ДПА. Во писмото до министрите за здравство на ЕУ, Киријакидес повика на поголема соработка за решавање на глобалната здравствена ситуација „каде што Европската Унија е епицентарот […]

Поднесено обвинение за три лица за пожарот во тетовската модуларна болница


Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово. Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, […]

Украинците потпишуваат петиција, го сакаат Борис Џонсон за премиер


 Петицијата за да му се даде украинско државјанство на британскиот премиер во заминување Борис Џонсон и да биде премиер на земјата, собра над 2.500 потписи неколку часа откако беше поставена на официјалната страница за петиции на Украина во вторникот (26-ти јули). И покрај тоа што ја изгуби домашната популарност и на крајот беше принуден да […]

Усвоен новиот закон за сметководствени работи


Подигнување на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите се клучните промени кои ги содржи Законот за сметководствени работи, што го усвои Собранието. На законското решение работеше Министерството за финансии (МФ) низ инклузивен процес заедно со засегнатите страни, со цел да се воспостави и спроведат професионални стандарди во сметководствената професија и заштита на јавниот интерес, информираат […]

Србија, Северна Македонија и Албанија ќе соработуваат на енергетските проблеми и за заеднички проекти


Вицепремиерката на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ изјави дека работната група формирана во рамките на иницијативата Отворен Балкан ќе им овозможи на Србија, Северна Македонија и Албанија да соработуваат не само за надминување на енергетските проблеми оваа зима, туку и да разговараат за заеднички проекти, јави дописникот на МИА […]

САД ни дадоа пари за владеење на правото


Во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог со Македонија, Владата на САД донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за зајакнување на владеење на правото во кај нас. За оваа цел се издвоени дополнителни средства во износ од 4, 318 милиони САД долари. Со отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија – САД,  пријателските односи […]

Откажани над 1.000 летови на „Луфтханза“ поради штрајк на персоналот


Над 1.000 летови на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска беа откажани поради еднодневниот штрајк на персоналот на аеродромите во  Германија. Околу 134.000 патници мораа да ги променат плановите за патување или целосно да ги откажат летовите. Најмалку 47 поврзувачки летови вчера беа откажани, јави ДПА. Најпогодени се главните центри на „Луфтханза“ во Франкфурт и Минхен, но […]

Украинскиот парламент го избра Андриј Костин за јавен обвинител


Врховната Рада – Парламентот на Украина го одобри назначувањето на Андриј Костин за јавен обвинител на земјата, објави Укринформ. Предлогот за негово именување на оваа функција утрово го поднесе шефот на државата Володимир Зеленски. Одлуката е усвоена со гласовите на 299 пратеници од вкупно 450, прецизираше на Телеграм Јулија Паличук, прес-секретар на претседателската партиска група […]

Бабовски: Засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во Моштица


Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски соопшти дека се засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во селото Моштица. Бабовски, кој денеска веднаш замина на терен и имаше средба со надлежните од локалната самоуправа, порача граѓаните да бидат мирни и спокојни зашто болеста, нагласи, не е зооноза, односно […]

Грција не разгледува можност за воведување ковид мерки во текот на летото


Сметаме дека во моментов бранот е во надолен тренд и веруваме дека ова ќе продолжи околу еден месец. Не покажува карактеристики дека во текот на летото ќе биде потребна промена на моделот што го следиме, истакна министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, уште еднаш потенцирајќи дека не се […]

Руските сили по грешка соборија свој хеликоптер


  Руските инвазиски сили соборија свој хеликоптер во Украина, откако тој по грешка почна да пука врз сопствените војници. Хеликоптерот „Ка-52 алигатор“, кој чини околу 14 милиони евра, бил соборен во Керсон, откри украинскиот Генералштаб. Воените шефови се пошегуваа дека тоа е „гест на добра волја“ од напаѓачите. Тие објавија дека три хеликоптери прелетале над […]

Над 90 проценти од домаќинствата користат вода од водовод, а над 12 илјади флаширана


Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење над 91 процент користат вода од јавен водовод, додека над 12 илјади или над два проценит од домаќинствата користат флаширана вода за пиење, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Од вкупно […]

Кумановец изградил верски објект на присвоено државно земјиште


Педесет и шестгодишен кумановец на државно земјиште изградил верски објект без одобрение за градење, соопшти денеска СВР Куманово. Од полицијата информираат дека е поднесена кривична пријава против М.А.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. -Пријавениот, во текот на 2019 година на улицата „Доне Божинов“, како инвеститор и без правен основ самоволно заземал земјиште во […]

Украинските сили пак го ракетираа главниот мост во Керсон за да ја отсечат руската армија (Видео)


  Украинските власти потврдија дополнителен напад на клучниот мост што се користи за зајакнување и снабдување на окупаторските руски сили во јужна Украина Повеќекратните видеа на социјалните мрежи објавени во вторникот вечерта покажаа неколку големи детонации во близина на мостот Антонивски – главниот премин на реката Днепар во регионот Керсон, кој во суштина ја поврзува […]

Ковачевски: ЕСМ целосно ќе ги задоволи потребите на ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕПСО во текот на грејната сезона


Нашите капацитети се во фаза на подготовка за да имаме сигурно производство на електрична енергија од термоелектраните во текот на грејната сезона, хидропотенцијалот е на 55 проценти од капацитетот или 70 до 80 проценти од просекот во изминатите 10 години и се користи само за одржување на сигурен и стабилен систем во делот на системските […]

Бугарија оди на уште едни избори, четврти за 15 месеци


  Политичката криза во Бугарија како да нема крај. Како и што се очекуваше, Бугарската социјалистичка партија (БСП) објави дека в четврток ќе го врати и нејзиниот мандат за формирање влада што значи дека распуштањето на парламентот е неминовно и Бугарија ќе оди на уште едни избори. Тие ќе бидат четврти по ред за 15 […]

Нови 897 случаи: Секој втор тестиран е позитивен, починаа двајца


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.828 тестови, а регистрирани се нови 897 случаи на Ковид-19, односно 49 отсто од тестираните се позитивни: Скопје – 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадрци – по 41, Велес – […]

Над 30 проценти од семејствата во земјава се брачни парови без деца


Во земјава има вкупно 538 348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на […]

Русија денеска пак ја затегна славината за гас кон Европа


  Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ дополнително го намали протокот на гас во Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ до 20 отсто од максималниот капацитет, се вели во соопштението од средата на германскиот мрежен оператор „Гаскад“. Руската државна енергетска компанија во понеделникот соопшти дека протокот на гас ќе се намали бидејќи ќе ја исклучи турбината за […]