Руските сили по грешка соборија свој хеликоптер


Рускиот хеликоптер „алигатор“

 

Руските инвазиски сили соборија свој хеликоптер во Украина, откако тој по грешка почна да пука врз сопствените војници.

Хеликоптерот „Ка-52 алигатор“, кој чини околу 14 милиони евра, бил соборен во Керсон, откри украинскиот Генералштаб.

Воените шефови се пошегуваа дека тоа е „гест на добра волја“ од напаѓачите.

Тие објавија дека три хеликоптери прелетале над окупираниот регион и почнале да пукаат кон руските војници стационирани долу. Тие возвратија со оган и соборија еден од хеликоптерите.

Минатата недела Русија го собори сопствениот борбен авион „Су-34М“ вреден 40 милиони евра во Украина.

Војниците се обидуваа да ги гаѓаат ракетните фрлачи ХИМАРС, испорачани од САД, кои направија хаос откако им беа дадени на одбранбените сили.

Но, наместо тоа, тие го застрелаа борбениот авион кој падна од небото над Алчевск, во Луганск.