Идентификувани двете сестри Саудијки пронајдени мртви во нивниот стан во Сиднеј
Две саудиски сестри пронајдени мртви во нивниот стан во Сиднеј во „невообичаени“ околности минатиот месец беа идентификувани од полицијата, додека властите апелираа за повеќе информации.
Полицијата ги откри телата на Асра Абдула Алсехли (24) и Амал Абдула Алсехли (23) на 7 јуни, откако се појави загриженост за нивната безбедност, се вели во соопштението во средата од полицијата на Нов Јужен Велс.
„И покрај опсежните истраги, детективите не успеаја да утврдат како умреле жените“, се вели во соопштението. „Сепак, се верува дека жените биле починати некое време пред да бидат лоцирани“.
Сестрите пристигнаа во Австралија од Саудиска Арабија во 2017 година, потврди полицијата на Нов Јужен Велс за Си-Ен-Ен. „Околностите на нивната смрт беа невообичаени бидејќи немаат знаци на повреда“, соопшти полицијата.
Детективската инспекторка на полицијата на Нов Јужен Велс, Клаудија Олкрофт, рече дека секоја информација од јавноста може да го содржи клучот за решавање на истрагата.
„Детективите се заинтересирани да разговараат со секој кој можеби видел или кој има информации за движењата на жените во деновите и неделите пред нивната смрт – што веруваме дека се случило на почетокот на мај“, рече Алкрофт во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс.
Во соопштението објавено на Твитер, саудискиот конзулат во Сиднеј соопшти дека е во контакт со австралиските власти за случајот. „Конзулатот исто така изразува искрено сочувство до семејството на починатите“, се вели во соопштението. (Си-Ен-Ен)