Разорен земјотрес на Филипините, оштетени болница и згради


Разорен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Лаганхиланг, 335 километри северно од Манила. Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека некои области се без електрична енергија и телефонски врски. Потресот предизвика голема штета на една болница и повеќе згради. Многу […]

Во тек е етапната исплата на јулските пензии


Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почнува етапната исплата на јулските пензии, кои продолжуваат да се исплаќаат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, […]

Три активни пожари утрово, најголемиот е на Криволак


Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рано изутринава со полициски хеликоптер изврши извидување на трите активни пожари, информираат од ЦУК.   Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што утрово со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни. На самото […]

За неколку дена шест пожари кај Ловечки дом во Куманово


 Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден два пати гаселе пожар кај „Ловечки дом“ во близина на село Проевце, информираше денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Првпат горела опожарена сува трева во период од 13:20 до 15:00 часот и четворица пожарникари ја гаселе со две противпожарни возила. Втората интервенција била на истата локација повторно сува […]

Бугарите ќе можат да патуваат во Турција само со лична карта


Бугарските државјани ќе можат да влегуваат во Турција само со лична карта, објавено е во денешниот турски Службен весник. Одлуката е донесена по указот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Според одлуката, Бугарите ќе можат да влезат во Турција со лична карта во случај на транзитна или туристичка посета до 90 дена во рок од […]

Средба на Османи и Курти со Блинкен во Вашингтон


  САД– Американскиот државен секретар Антони Блинкен во Вашингтон се сретна со претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. Блинкен на средбата го истакна постојаното партнерство меѓу САД и Косово и им се заблагодари на лидерите за силната поддршка на Украина, како и за приемот на бегалци од Авганистан. На средбата се разговарало […]

Работна средба на Стопанската комора и Владата за енергетската криза


  Претставници на Владата и на Стопанската комора денеска ќе одржат работна средба за предлог-решенијата околу состојбите со енегетската криза. Делегациите кои ќе ги предводат министерот за економија Крешник Бектеши и заменик претседателот на Комората и претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) Кочо Анѓушев, ќе ја разгледаат најновата ситуација со движењето на цените на струјата […]

Бербок вети долгорочно присуство на германската армија во Словачка


  Словачка – Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок синоќа по разговорите со нејзиниот колега Иван Корчок во Братислава изјави дека Берлин е посветен на долгорочно распоредување војници и противвоздушни ракетни системи Патриот во Словачка за заштита од руските закани. – Патриот ќе останат додека ви требаат. Ова не е само минлива работа, туку солидарност […]

Започна мобилното издавање пасоши за нашите државјани во Кина


  Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во Амбасадата во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи на нашите државјани и во НР Кина. Со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена). Проширување на […]

Концерт на Сара Ароести во Музеј на холокаустот на Евреите од Македонија


Во рамки на фестивалот „Скопско лето“ вечерва со почеток во 20:30 часот во Музеј на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се одржи концерт на американската пејачка и композиторка Сара Ароести. Со својот албум „Монастир“ Ароести ја слави богатата еврејска култура што некогаш цветала во Монастир (денешна Битола) пред Втората светска војна. Со предци од […]

Сончево со мала облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер


  Времето претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 27 јули 2022 година, 203-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 162 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 21 минута, а ќе зајде во 19 часот и 59 минути. Денов трае 14 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Динамо Загреб се намачи со Шкупи: Адеми заслужен за победата


Македонскиот првак Шкупи вечерва загуби од Динамо Загреб со 0-1 на националната арена „Тодор Проески“, со што е елиминиран од квалификациите за фудбалската Лига на шампионите со вкупен резултат од 2-3 во двомечот. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше стрелец на решавачкиот гол во 47-та минута. Искусниот играч за врска во првиот натпревар во Загреб забележа […]

Реактивиран пожарот на полигонот „Криволак“ и поделен на три краци


Пожарот на армискиот полигон „Криволак“ е реактивиран денеска попладне и поделен на три краци, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи. – Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон „Криволак“, Општина Неготино. Од 16.30 часот иако било дејствувано […]

Дебатата на кандидатите за британски премиер прекината, водителката се онесвести


  Последната дебата за лидерство на британските ториевците (што значи и нов премиер) помеѓу Риши Сунак и Лиз Трас беше откажана откако водителката се онесвестила во етер. Дебатата на Sun и TalkTV, водена од новинарката Кејт Мекен, ненадејно запре на половина пат откако се слушна силен удар. TalkTV рече дека Мекен е „добро“, но на […]

Ретрограден Јупитер од 28 јули: Кои хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени?


Ретроградноста на Јупитер најмногу ќе влијае на три хороскопски знаци. Ретроградноста почнува во Овен, а Јупитер на крајот ќе се врати во својот традиционален знак Риби, давајќи ни уште неколку месеци од магијата што ја почувствувавме претходно годинава. Влијанието на Јупитер генерално е позитивно, а ретроградноста може да ја олесни идентификацијата на тоа што го […]

Ќе се претвори ли МАНУ во еднонационална академија?


  Она што подолго време тлее во највисоката академска институција во државава – МАНУ, последните денови излезе јасно на виделина. Академијата, наместо да биде врв на науката и уметноста се претвора во поле на политички натпревар, па дури и пресметки. Прифаќањето на францускиот (европскиот предлог) за почеток на преговорите со ЕУ (како и протестите што […]

Гир и Лудва домаќини на Европската вечер на  „Охридско лето“: Ја славиме културата во историски момент


  Евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорот на Чешка во земјава, Јарлослав Лудва вечерва се домаќини на Европската вечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Пред настапот на реномираните чешки музичари, виолончелистот Иван Вокач и виолинистот Леос Чепицки во црквата Света Софија, евроамбасадорот Гир истакна дека овој настан е доказ за тоа што може да се […]

Бранко Цвеиќ, познатиот „Бане Бумбар“, почина на 75 години


  Денеска во Белград почина долгогодишниот член и поранешен директор на Југословенскиот драмски театар, актерот Бранко Цвеиќ, соопштено е вечерва. Роден е во Белград на 25 август 1946 година, а дипломирал на Петтата белградска гимназија во 1965 година и истата година се запишал на актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Белград. Заедно со […]

САД веќе е најголемиот светски извозник на природен гас


Соединетите Американски Држави станаа најголемиот извозник на течен природен гас во првата половина на 2022-ра година, откако ги зголемија испораките за Европа во услови на украинската криза. Ова го соопшти Меѓународната агенција за енергија, цитирана од „Reuters“. Извозот на ЛНГ од САД се зголеми за 12% до просечни 11,2 милијарди кубни стапки (317 милиони кубни […]