Олена Зеленска за американскиот „Вог“- се уште се навикнувам на улогата на прва дама


САД– Првата дама на Украина Олена Зеленска се појави на специјалната дигитална насловна страница на американскиот Vogue со придружно интервју. Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со новинарката Рејчел Донадио во зградата на претседателската канцеларија во Киев и беше фотографирана од Ени Лејбовиц. „Како што војната во Украина влегува во критична нова фаза, […]

Вселенското ѓубре на Кина повторно и се заканува на Земјата


За време на викендот, Кина лансираше нова ракета Long March 5B која носи нов модул за кинеската вселенска станица Тиангонг. Модулот Wentian содржи научна опрема за спроведување на експерименти во вселената и простор за престој на астронаутите. Тој се приклучи на модулот Tainhe кој беше лансиран минатата година, а до крајот на оваа година кинезите […]

Арсовска: Темелите на новото Скопје беа темели на солидарност и соживот


Верувам дека темелите на новото Скопје беа темели на солидарност и соживот, а новото Скопје се темели на пријателство и нови модерни ветришта, порача вечерва градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на отворањето на изложбата насловена „За Скопје со срце од целиот свет“ во Младинскиот културен центар – МКЦ во рамки на одбележувањето на 59 […]

„Поместена“ границата меѓу Швајцарија и Италија


Високо во снежните Алпи, топењето на глечерите ја поместило границата меѓу Швајцарија и Италија, поради што локацијата на италијански планински дом останала спорна. Границата меѓу овие две земји се наоѓа долж подрачјето каде водата од стопениот снег и мраз тече низ двете страни на планината, кон едната или другата земја. Но, поради топењето на глечерот […]

Австрија го укинува задолжителниот карантин за ковид позитивните без симптоми


Лицата во Австрија кои се заразени со корона вирус во иднина веќе нема да мора да бидат во самоизолација доколку немаат симптоми на болеста, соопштија денеска властите, пренесе ДПА. Австрија од следниот месец го укинува задолжителниот карантин за лицата кои се позитивни на коронавирусот, но не се болни. Заразените сè уште ќе мора да носат […]

Мартин го нема веќе 18 дена – објавена мапата од пребараните делови


Мартин Јовановски исчезна пред 18 дена од плажата Мити во Посиди, на Халкидики, но ниту грчките служби, ниту пак волонтерите од Македонија не се откажуваат од потрагата по него. Претходните денови грчките служби го бараа 31-годишниот Мартин и кон турскиот брег на Егејското Море откако со бродови, дронови, кучиња трагачи беше пребарувано околу полуостровот Халкидики, […]

Владата ги зголеми платите на вработените во МВР, отвори два нови конзулата


Владата  денеска  донесе повеќе одлуки, меѓу кои и да го задолжи Министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за покачување на платите во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември, по известувањето  дека во буџетот на МВР за оваа година се предвидени средства за тоа.   Владата, на предлог […]

Гир: Почна одбројувањето до влезот во ЕУ


Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Северна Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Северна Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва […]

Бесими: Ребалансот на Буџетот обезбедува справување со кризата


Ребалансот на Буџетот за 2022 година, што го усвои Собранието, ги има предвид реалните економски состојби, содржи средства за амортизирање на ефектите од кризата, за одржување на динамиката на раст и овозможување фискална одржливост на среден рок, а при тоа е важно дека е обезбедено и финансирањето како што е планирано и се бараат начини […]

Во Германија никогаш немало помалку млади луѓе на возраст од 15 до 24 години


Младите на возраст меѓу 15 и 24 години сочинуваа само десет проценти од населението во Германија на крајот на минатата година, најмалку во последните седум децении. Од 1950 година, кога почнало да се води евиденција, најголем процент на млади на возраст од 15 до 24 години имало во 1983 година, кога тие сочинувале 16,7 отсто од населението, пишува денеска Дојче веле. Бројот на млади луѓе […]

МЗШВ: Собраниската комисија за земјоделство да ги разгледа и донесе предложените закони во интерес на земјоделците


 Два предлог-закона поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе две години се заглавени во Собранието, реагираат од МЗШВ и апелираат до пратениците, законските решенија што побрзо да се донесат во интерес на земјоделците. – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во април, до Собранието на Република Северна Македонија поднесе измени и дополнувања на […]

Путин и Ердоган ќе се сретнат следниот месец во Сочи


Рускиот претседател Владимир Путин на 5 август ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во црноморското одморалиште Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Двајцата лидери ќе разговараат за регионалните проблеми и билатералните односи, јавија руските медиуми. Ердоган одигра клучна улога во посредувањето во договорот потпишан од Русија и Украина во Истанбул минатата недела, […]

(Видео) Додик со седум попови и бик на ражен отвори бензинска


  Бензинска станица во близина на Бања Лука, Босна и Херцеговина, денеска беше отворена на необичен начин. Имено, на отворањето присуствуваше српскиот член на претседништвото на БиХ Милорад Додик, заедно со седум попови на Српската православна црква кои ја благословија пумпата. И не само што Додик ја отвори бензинската туку приреди и гозба, па само […]

Холанѓани бесправно граделе во Скопје


Кривична пријава е поднесена против правно лице и против сопствениците од Холандија за сторено кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерството за внатрешни работи. – СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и против сопствениците В.Х.М.Р. и Р.В. од Холандија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно […]

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија


Европската Унија одлучи да ги обнови санкциите против Русија за дополнителни шест месеци, односно до крајот на јануари 2023 година.   Одлуката, формално донесена од министрите за енергетика на ЕУ, се однесува на санкциите кои првпат беа воведени во 2014 година и беа значително проширени по руската инвазија на Украина во февруари оваа година. Откако […]

Песна на Славко Јаневски во архивите на магазинот „Атлантик“ во 1962


  Познатиот американски магазин „Атлантик“, една од најстарите публикации во светот, ја дигитализираше својата архива и сега во неа може да најдете материјали од 1857 до денес. Како и денес, „Атлантик“ за целото тоа време објавува анализи, есеи, извештаи, колумни и литературни дела. Во изданието од декември 1962 година („Атлантик“ е месечник) е отпечатена песна […]

Глобалната рецесија е пред нас, предупреди ММФ


  Меѓународниот монетарен фонд во вторникот предупреди дека светот наскоро би можел да се подготви за глобална рецесија бидејќи финансиското забавување во САД, Европа и Кина тесно влијае на развојот. Како замена на Светската економска перспектива, ММФ изјави дека финансиските перспективи значително се затемниле во последните месеци бидејќи војната во Украина, инфлацијата и пандемијата што […]

Ракетен раст: Нови 957 случаи со Ковид-19, двајца починати


  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.100 тестови, а регистрирани се нови 957 случаи со Ковид-19, двајца починати од кои едниот од Штип (71), а другиот од Струга (91) и 616 оздравени пациенти. Двете лица се починати во болнички услови. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се […]

Ни денес немаше услови за гласање во Собранието


Пратениците ниту денеска не гласаа по точките од дневниот ред на пленарна седница. За разлика од претходниот ден кога немаше кворум, денеска немаше мнозинство. Пратеникот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов го дијагностицираше проблемот со немање кворум за работа. Според него, Алтернатива го условува кворумот со функции во извршната власт и за местото потпретседател на Собранието. Но, […]

Украина доби неколку ракетни лансири од Германија


Украина доби неколку повеќенаменски ракетни лансири и три самоодни хаубици од Германија, изјави министерката за одбрана Кристин Ламбрехт, пренесе ДПА. Веста доаѓа еден ден откако првата серија на противвоздушни тенкови „Леопард“ пристигна во оваа земја од Германија. Уште 12 тенкови се очекува набрзо да пристигнат во Украина.