Владата ги зголеми платите на вработените во МВР, отвори два нови конзулата


Фото: Б. Грданоски
Владата  денеска  донесе повеќе одлуки, меѓу кои и да го задолжи Министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за покачување на платите во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември, по известувањето  дека во буџетот на МВР за оваа година се предвидени средства за тоа.  

Владата, на предлог на Министерството за образование, одлучи да даде согласност за бројот на студентите кои се запишуваат на трет циклус на студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во академската 2022/2023 година, како што е предвидено во конкурсот на универзитетот.

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, одлучи исто така  да бидат отворени два нови конзулата: почесен конзулат на Македонија во  Хрватскa, со седиште во Риека и почесен конзулат и во Турција, со седиште во Сивас.