Мартин го нема веќе 18 дена – објавена мапата од пребараните делови


Мартин Јовановски исчезна пред 18 дена од плажата Мити во Посиди, на Халкидики, но ниту грчките служби, ниту пак волонтерите од Македонија не се откажуваат од потрагата по него.

Претходните денови грчките служби го бараа 31-годишниот Мартин и кон турскиот брег на Егејското Море откако со бродови, дронови, кучиња трагачи беше пребарувано околу полуостровот Халкидики, посебно првиот крак Касандра.

Со подводен дрон се пребаруваше и морското дно, но немаше никакви траги од исчезнатото момче.

Неговите другари Васил и Иван беа извлечени уште викендот, откако силните морски струи ги повлекле.