(Видео) Додик со седум попови и бик на ражен отвори бензинска


 

Бензинска станица во близина на Бања Лука, Босна и Херцеговина, денеска беше отворена на необичен начин.

Имено, на отворањето присуствуваше српскиот член на претседништвото на БиХ Милорад Додик, заедно со седум попови на Српската православна црква кои ја благословија пумпата.

И не само што Додик ја отвори бензинската туку приреди и гозба, па само на пет метри од агрегатот за точење бензин, имаше маси и столици, шаток, како на панаѓур.

Истовремено на ражен се вртеше бик, а доведоа и пејач, додека гостите на високи маси пиеја што ќе посакаат.

Додик во еден момент одржа и говор, па рече дека мора едни на други да си помигаат и ги повика граѓаните да точат гориво тука.

„Република Српска е стабилна и сигурна. Не ни може никој ништо, посилни сме од судбината“, рече Додик, по што доби аплауз.