Хаос во британските железници, штрајкуваат илјадници работници


 

Патниците во британските железници денеска се соочија со хаос во превозот поради тоа што илјадници вработени во железници штрајкуваат, загрозувајќи ги услугите низ земјата.

Жестокиот спор околу работата, платите, пензиите и условите се влошува, а нови штрајкови може да има и следните денови. Бран штрајкови во железниците и метрото планиран е за август.

Патниците се повикани да патуваат само ако мора

Денеска ќе вози само еден воз, на половина од мрежата, а некои подражја воопшто нема да имаат линии цел ден. Во штрајк се членовите на синдикатот на железницата, поморство и сообраќај и 14 железнички оператори. Штрајкот опфаќа 40.000 работници, меѓу кои и оние кои работат на сигнализација и одржување на пругите.

Патниците се повикани да патуваат со воз само ако мораат и да сметаат на тоа дека ќе им треба дополнително време за да стигнат до дестинацијата. Советувани се да проверат кога е нивниот последен воз.Железничкиот сообраќај е нарушен од утрово, со доцнење на почетокот на услугите, со оглед на тоа дека работниците се враќаат на должност.