Во поплавите во Пакистан загинаа 300 луѓе


Во поплавите во Пакистан загинаа најмалку 310 луѓе, а стотици се повредени, јави Гардијан. Владата издаде предупредување за нови монсунски дождови во уште 14 градови.

Улиците на Карачи, град на југот на земјата во кој живеат 16 милиони луѓе, се полни со каллива вода, а патиштата се непродни. Таму од саботата починаа најмалку 15 луѓе.

Сопрени се јавните служби

Јавните служби во градот се сопрени, а претпријатијата се затворени. Националната управа за управување со катастрофи соопшти дека оштетена е инфраструктурата, патната мрежа и 5.600 домови.

Пакистан, кој порано оваа година претрпе ектремен топлински бран, сместен е меѓу најранливите земји според Индексот на глобален климатски ризик, кој бележи економски и човежки губитоци поради екстремни временски прилики. Се проценува дека Пакистан изгубил 10.000 животи на луѓе поради еколошки катастрови, а финансиските загуби се проценуваат на 4 милијарди долари во деценија до 2018 година.