Македонија не е блокирана од Бугарија, туку од Франција, вели шефот на ЕПП, Манфред Вебер


  Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, пред денешниот самит на ЕУ ја фрли целата вина за блокирањето на Македонија врз една земја – но тоа не е Бугарија. Вебер рече дека „веќе имало момент“ да ѝ се даде зелено светло на Македонија, но „тоа не беше Бугарија, туку Франција која го спречи […]

Есенва ќе се вози по втората делница од ескпресниот пат Штип-Кочани


 Вториот дел од експресниот пат од Крупиште до Кочани се очекува да биде пуштен за сообраќај оваа есен, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по денешното пуштање на крстосницата во Штип. Забележа дека оваа делница се гради, а насоките до надзорниот инженер и до сите учесници во изградбата е да бидат крајно внимателни. […]

Осум членови на медицинскиот тим на суд поради смртта на Марадона


По обвинение за убиство од небрежност, во Аргентина е покрената тужба против осуммина членови на лекарскиот тим, кои се грижеле за здравјето на легендарниот фудбалер Диего Марадона пред да почине од срцев удар, соопшти судот во Аргентина. Судијата во Сан Исидро, северно предградие на Буенос Аирес, ја прифати тужбата против лекари, психијатри, психолози, менаџери на […]

Вархеи: Сите грижи на Бугарија се дел од преговарачкиот процес


  Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји утринава оцени дека сите бугарски барања се внесени во преговарачката рамка за Македонија, пред денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел.   „ЕУ ги сфаќа сите бугарски грижи многу сериозно и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Моментот за одговорни одлуки е сега. Западен Балкан треба да биде дел […]

Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало


 Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици од вториот производствен турнус, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено. Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата  состојба е […]

Мишел: Имаме проблем со Бугарија


  Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пред самиот почеток на Самитот на ЕУ, денеска истакна дека Унијата е пред важен одлучувачки геополитички момент, бидејќи ќе се носат одлуки во полза на стабилноста и просперитетот. Тој изрази уверување дека на Самитот на ЕУ ќе биде донесена одлука за кандидатскиот статус на Украина и Молдавија, како […]

Втор ден генерален штрајк во јавниот сектор, ССМ на собир пред Владата


Работникот дојде по ветеното и своето, порача денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски, од собирот на членството на ССМ пред зградата на Владата, во рамки на активностите од генералниот штрајк што го спроведуваат во јавниот сектор втор ден со барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање […]

Мрачни прогнози на „Др. Пропаст“: Нуриел Рубини предвидува рецесија во САД и долгорочна висока инфлација


Професорот на Универзитетот во Њујорк и озлогласениот економист за „пропаст и мрак“, Нуриел Рубини, рече дека економијата на САД сè уште не е во рецесија, но „ние сме многу блиску до неа“. „Мојата основна линија ќе биде рецесија до крајот на оваа година“, рече Рубини, извршен директор на економскиот консултант Рубини Макро Асошиејтс, во интервју […]

На Барселона ѝ се нуди да го ангажира Нејмар за 50 милиони евра


На Барселона ѝ е понудено да го ангажира напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар за 50 милиони евра, објави „ТВ Ел Чирингуито“. Според фудбалскиот ТВ канал, каталонскиот клуб добил повици од посредници од ПСЖ. Се истакнува дека на Барселона и било ветено дека нема да има проблеми во преговорите со парискиот клуб. Во исто време и […]

ГЕРБ и ДПС поднеле нови предлози за Македонија


Додека ја блокираат работата на Комисијата за надворешни работи, пратеничките групи на ГЕРБ-СДС и ДПС доставиле два нацрти до Народното собрание за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје, јави известувачот на БГНЕС. Документот на ГЕРБ се нарекува „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачка рамка и Нацрт-заклучок на Советот на ЕУ […]

Петков го нарече Радев страшливец, а Борисов нечесен манипулант


  Ми се допаѓа француската понуда. Мислам дека не може да има друга  таква. Парламентот мора да одлучи, а јас ќе си го одржам зборот, изјави премиерот во оставка Кирил Петков пред доаѓањето на самитот за Западен Балкан во Брисел.  „Јас сум премиер и кога му ветувам нешто на бугарскиот народ, останувам на зборот. Се […]

Исплатени 1,3 милијарди денари субвенции на 17.000 тутунари за 2021 година


Заврши целосната исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари на сметките на 17 илјади тутунопроизводители, информираат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и […]

Шолц: Ветувањето за европскиот пат на Западен Балкан е веродостојно


Од најголема важност е земјите од Западен Балкан, по 20 години давање европска перспектива, да добијат веродостојно ветување дека ќе им се даде можност да влезат во ЕУ, истакна денеска во Брисел германскиот канцелар Олаф Шолц. Пред Самитот на ЕУ тој кажа дека шефовите на држави и влади на Унијата денеска имаат важна дискусија со […]

Рама: Срамно е што една членка на НАТО киднапира две земји сојузнички


Срамно е што една земја членка на НАТО – Бугарија, киднапира две други земји членки на НАТО – Албанија и Северна Македонија во време на жестока војна во дворот на Европа, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Тој истакна дека Албанија не се чувствува како жртва на […]

Која е разликата меѓу португалскиот и францускиот предлог за Македонија?


  Околу расправата на Комисијата за надворешна политика на бугарското Народно собрание, на која требаше да се разгледа пакетот на документи што се услов да се одблокира ветото за Македонија, главната дилема е – што со францускиот доби повеќе од португалскиот предлог Бугарија, за да биде мотивиран владејачкиот естаблишмент да рече „да“ за нашите преговори? […]

Инфлацијата го „изеде“ номиналниот раст на платите


  Растат платите, но растат и трошоците за живот, па таа трка, очигледно е дека повеќе ќе биде на штета на примањата. Тоа го знаат економистите, а го потврдуваат и податоците што ги објави Државниот завод за статистика за износот на бруто и нето платите во април годинава. Официјалните статистички податоци покажуваат дека просечната нето […]

Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен дека ќе има решение за Северна Македонија


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија. – Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот […]

Директор на училиште во САД обвинет за сексуална злоупотреба на ученик


Директор на средно училиште во Пенсилванија, САД обвинет е по 30 точки за сексуални односи и контакт со ученик. Роџер Вивре Фрид (34) поранешен директор на средно училиште во Вилијамспорт, обвинет е за одржување долгодгодишна сексуална врска со ученик која протдолжила и откако ученикот завршил средно. Фрид се товари за 30 точки казнени дела од […]

Хрватски град забрани турбо-фолк во кафулињата


Властите на градот Ѓурѓевац, северна Хрватска, донесоа одлука за забрана за пуштање турбо-фолк музика („цајки“) во угостителските објекти. Покрај забраната за турбо-фолк, за викендов е поставено и ново работно време за рестораните и другите угостителски места. „Од 24 јуни до 26 јуни угостителите можат да работат без престан. Работното време важи и за терасите поставени […]

Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство


 Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство. Тој оцени дека тоа не е оправдано решение за излегување од криза по парламентарните избори одржани во неделата. Истовремено, Макрон повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“. Во обраќањето до Французите, за првпат откако неговата […]