Директор на училиште во САД обвинет за сексуална злоупотреба на ученик


Директор на средно училиште во Пенсилванија, САД обвинет е по 30 точки за сексуални односи и контакт со ученик.

Роџер Вивре Фрид (34) поранешен директор на средно училиште во Вилијамспорт, обвинет е за одржување долгодгодишна сексуална врска со ученик која протдолжила и откако ученикот завршил средно.

Фрид се товари за 30 точки казнени дела од трет степен, меѓу кои и казнанеото дело сексуална врска со ученик.

Нудел емоционална поддршка

Ученикот раскажал на полицијата дека му се обратил на Фрид во 2015 година, откако забележал дека е популарен меѓу другите ученици. Наскоро, почнал да му се доверува и да се потпира на него за што добивал емоционална поддршка, особено откако починал член на неговото семејство.

Разговорите во училиштето во 2015 година преминале во бројни интеракции надвор од училиштето. Директорот му зборувал дека тие се како браќа и дека може да разговараат за што и да е, а посебно за неговите сексуални потреби. Во 2017 година почнале да имаат сексуални односи, по што Фрид му кажал дека е многу важно никој да не дознае затоа што може да ја изгуби работата.

Се гледале 4 до 5 пати неделно

Ученикот на полицијата ѝ рекол дека чувствува „огромна вина поради сексуалните средби“, кои се одвивале 4 до 5 пати неделно, секогаш ноќе, во текот на следните две години од средното училиште.

Сексуалната врска траела до април 2022 година. Фрид е обвиент во вторникот, а одредена му е кауција од 175.000 долари.