Талибанците бараат помош по силниот земјотрес


Талибанците апелираат меѓународната заедница да испрати помош во Авганистан по вчерашниот земјотрес со интензитет 6,1 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа над илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени. Не е познат бројот на затрупаните луѓе под урнатините, а спасувачките акции се попречени од обилниот дожд и недостиг на средства. Најпогодена од земјотресот е […]

Бил Козби ќе поднесе жалба на новата пресуда за силување


 Американскиот актер-ветеран Бил Козби ќе поднесе жалба на пресудата со која е осуден да ѝ плати 500.000 долари на жена која го обвини дека била силувана пред пет децении. Глумецот, некогаш познат како „Таткото на Америка“, е обвинет за сексуално злоставување на десетици жени. Обвиненијата се однесуваат на случаи од последниве неколку децении. Откако единствената […]

Шестмина загинати при пад на хеликоптер во Западна Вирџинија


Хеликоптер користен за туристички летови се урна на автопат во Западна Вирџинија, притоа загинаа шест лица, јавија локални медиуми. Хеликоптерот бил опожарен кога на лице место стигнала спасувачката екипа. Се очекува патот да биде затворен 24 часа за време на истрагата на местото каде се случи трагедијата. Шефот на операции при Управата за итни случаи […]

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот


Досега, над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари, соопштија од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР). Станува збор за најнови податоци, објавени синоќа, јавија британски медиуми. 

Петков: Ќе има нови министри во следната влада на „Промените продолжуваат”


Не е време да се кажам кои ќе бидат новите министри, кога претседателот на Бугарија Румен Радев, ќе и го додели мандатот на „Промените продолжуваат“, изјави за Нова ТВ премиерот во оставка Кирил Петков. Според Петков, јавува дописникот на МИА од Софија, нема подобар вицепремиер и министер за финансии на Бугарија од Асен Василев, кој […]

Симпатизери на ВМРО-БНД протестираа пред домот на Бојко Борисов во софиската населба Банки


Поддржувачи на партијата ВМРО, предводени од партиските копретседатели Ангел Џамбазки и Александар Сиди, протестираа пред куќата на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во софиската населба Банки. Како што јави дописникот на МИА од Софија, од информациите на локалните медиуми, причината е одлуката на поранешниот премиер Бојко Борисов и неговата партија, која е главна опозициска сила […]

САД се надеваат на позитивно решение за кандидатурите на Шведска и Финска за во НАТО


САД се надеваат дека наскоро ќе има позитивно решение за прашањата меѓу Турција, од една страна и Финска и Шведска, од друга, во врска со напорите на двете нордиски земји да се приклучат на НАТО, изјави главната дипломатка на Стејт департментот за Европа. Помошничката секретарка за Европа и евроазиски прашања, Карен Донфрид, зборувајќи на сослушувањето […]

Жител на неготинско Криволак осомничен за производство на марихуана


Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРМ, осомничениот 21-годишник, во дворот на куќата во која живеел […]

Продолжува штрајкот во јавниот сектор, прекин на работата од 10 до 11 часот


Сојузот на синдикати на Македонија го реализираше најавениот генерален штрајк во јавниот сектор барајќи линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор. Вчера постави 120 празни столчиња пред Парламентот сакајќи да ги потсети пратениците да го прифатат амандманот со кој се бара во ребалансот на Буџетот да […]

Почнува шестото издание на „Статуафест“


Од денеска до сабота на Сквер Јадран во Скопје ќе се одржи шестото издание на фестивалот „Статуафест – Другото лице на улицата – Танго на улица“. – Статуафест – Другото лице на улицата „Танго на улица“, како и секоја претходна година концептуално раскажува приказни. Оваа година ќе раскажува за претворањето на Скопје во една мала, […]

Презентација на активностите за производство на квалитетен семенски материјал за пченица


Презентација на реализираните активности за производство на квалитетен семенски материјал за пченица со поголема отпорност на климатските промени ќе се одржи денеска во организација на Земјоделскиот институт – Скопје при УКИМ и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Настанот е во рамки на регионален проект на ФАО за техничка соработка, чија цел […]

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот


Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Во текот на вчерашниот, шести ден од расправата, беа разгледани 19 амандмани од кои беше прифатен само еден со кој се бараше да се одвојат 2,5 милиони денари за расчистување на индустриската депонија во Нерези. Поднесени се вкупно […]

Презентација на резултатите од проектот за контрола на мало и лесно оружје


Резултатите од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници“, ќе бидат презентирани денеска во Скопје. Проектот во изминатите три години го спроведе Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за внатрешни работи. – Станува збор за исклучително важен проект чија крајна […]

Промоција на две нови изданија на Институтот за национална историја


Институтот за национална историја денеска ќе одржи промоција на најновото издание на Меѓународното научно списание „Гласник“ на (Двоброј за 2021 година). Промотор на изданието е проф. д-р Наташа Котлар – Трајкова. На платото пред влезот на Институтот за национална историја ќе се одржи и промоција на Зборникот на трудови од Mеѓународниот научен симпозиум одржан по […]

Дебата на НКЕУ-МК за заштита на природата преку одржливо управување со шумите


Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на Работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27), што ќе ја одржи четвртата сесија на тема „Заштита на природата преку одржливо управување со шумите“, во организација на Европското движење. Најавено е обраќање на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заменик […]

Топло и ветровито, попладне дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе […]

Време е да се вмеша Бајден и да го заузда бугарскиот национализам


Пристигна балканската криза на американскиот претседател Џо Бајден. Годините на запоставување и дволичноста на Европската унија кон регионот повторно ги прогонуваат Соединетите Држави и Европа во ранлив момент. Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја види владата на Бугарија – членка на НАТО и ЕУ – преземена од неговите сојузници, предводени од претседателот на […]

Ковачевски под силен притисок од партнерите ЛДП, ДОМ и ДС да го отфрли францускиот предлог


  Премиерот Димитар Ковачевски замина во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан испратен со силен притисок од три помали партнери во владината коалиција – или да го отфрли францускиот предлог или ќе ја напуштат владата. Заедно со острите реакции на главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, како и на голем дел од јавноста, тоа го стеснува маневарскиот простор […]

Гала премиера во Куршумли ан : „Балканска приказна“ не зближува со предците


Во Старата чаршија во Скопје, вчеравечер се одржа Гала промоција на првата епизода од турската серија „Балканска приказна“ (Balkan Ninnisi), серија којашто започна да се снима во Скопје од страна на Националната телевизија на Република Турција, ТРТ1. Генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, пред почетокот на гала настанот  истакна дека првата епизода од серијата […]

Протест пред Владата, граѓани бараат „францускиот предлог“ да биде отфрлен


Граѓански протест против францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на земјава со Европската Унија се одржа попладнево пред Владата на Република Северна Македонија во Скопје. Насобраните граѓани порачаа дека се незадоволни во однос на, како што рекоа, сè полошите предлози што пристигнуваат од ЕУ кон нашата држава, за кои сметаат […]