ЕЦДЦ предупредува дека летото почнува со нов бран на корона вирус


Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека „порастот на зараза од подваријантите на омикрон укажува дека тие ќе станат доминантни“ во целата Европска Унија. Инфекциите се во пораст во повеќе земји вклучувајќи ги Португалија, Германија, Франција, Грција, Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија, според податоците од проектот Нашиот свет во податоци (Our World […]

Санацијата на свлечиштата на автопатот Штип-Миладиновци чни 750.000 евра


Се работи на постоечките одрони на автопатот Штип-Миладиновци, но Министерството за транспорт и врски заедно со професорите од Градежниот факултет работат и како да се испитаат и стабилизираат одредени косини на овој автопат, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Штип. -Очекуваме и одредени свлечишта и во наредниот период. Така што, мора да […]

АД ЕСМ до утре ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме


 АД ЕСМ најави дека ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме со рок до утре. До Владата доставиле пресметки и предлози во однос на цената и количините, по што на затворена владина седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Согласно одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира […]

Контролата на оружјето е силен предуслов за градење безбедни заедници


Контролата на оружјето е силен предуслов за градење безбедни заедници и очекувањата се дека двата системи ќе помогнат да се превенира и значително да се намали понудата, побарувачката, а најважно, злоупотребата на огненото оружје, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната презентација на резултатите од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на […]

Во Атина се снима „Мојата голема дебела грчка свадба 3“


„Мојата голема дебела грчка свадба 3“ почна да се снима во главниот град на Грција – Атина. Писателката и ѕвезда на серијалот, Нија Вардалос го објави ова на Инстаграм, откривајќи и дека ќе го режира и овој трет дел. „Во Грција сме, на снимањето на ‘Мојата голема дебела грчка свадба 3’ и ви благодариме за […]

Вонредната состојба во Молдавија продолжена за 45 дена


 Молдавскиот парламент денеска одобри продолжување на вонредната состојба за 45 дена поради ситуацијата во Украина. Информацијата ја соопшти претседателот на Парламентот, Игор Гросу. Властите во Молдавија ја воведоа вонредната состојба на 24 февруари. Комисијата за вонредни ситуации предложи продолжување за уште 45 дена почнувајќи од 24 јуни, а тоа го поддржа и Владата. Премиерката Наталија […]

СЗО може да воведе вонредна состојба поради мајмунските сипаници


 Експерти од Светската здравствена организација (СЗО) ќе имаат средба денеска за да проценат дали епидемијата од мајмунските сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење, како што беше случај со пандемијата од Ковид-19, јавија британски медиуми. Претходно прогласени се само шест такви вонредни состојби: Ковид-19 (2020), избивање на ебола […]

Милановиќ: Да ѝ се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина, како чин на доверба и на надеж


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска повторно побара на Босна и Херцеговина да ѝ се додели кандидатски статус за влез во Европската Унија. Лидери на земјите членки на ЕУ денеска и утре на самит во Брисел одлучуваат за кандидатски статус за Украина и за Молдавија, за што постои силна поддршка. Милановиќ повторно побара ист статус да […]

ГЕРБ бара гаранција дека францускиот предлог нема да значи признавање на македонскиот јазик


Група пратеници на ГЕРБ поднесоа нови предлози околу францускиот предлог за решавање на спорот со Македонија, иако  сите во ЕУ чекаат Софија да им стави крај на условувањата и да се изјасни за иницијативата на претседателот Емануел Макрон. Со овие предлози пратениците на ГЕРБ бараат власта во Бугарија да осигура дека во пакетот документи за […]

Павле Трајанов бара оставки од Бујар Османи и Бојан Маричиќ


  Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска ги повика членките на ЕУ да не ја прифатат преговарачката рамка за преговорите со Македонија што ја предложи Франција, затоа што на „суптилен начин се вградуваат националистичките барања  на Бугарија, а со Протоколот усогласен помеѓу претставници на двете влади детално се разработува нејзината имплементација“.   Трајанов смета […]

Бериша најави масовен протест во Тирана на 7 јули


Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, кој е лидер на крилото на опозициската Демократска партија (ПД)за обнова на партијата, најави одржување протест на 7 јули во 19 часот. Повикувајќи ги граѓаните на масовност тој рече дека протестот ќе биде против Владата и Собранието. -Суштината е протест и само протест. Граѓаните почнувајќи од нивниот национален […]

Ковид-пандемијата речиси и да не влијаеше на купувањето на станови во државата


Иако со релативно ниска стапка на поврат на инвестицијата во однос на другите облици на инвестирање, инвестирање во купување на станови сè уште претставува најсигурен и најатрактивен облик на инвестиција за македонските граѓани, беше речено на денешната презентација на податоците за пазарот на недвижности за претходната година, како и очекувањата и трендовите за 2022 година, […]

Историската комисија (македонскиот дел) нема да биде алатка на политиката


  Како ретко досега шесте членови на македонскиот дел од Историската комисија со Бугарија излегоа со остро соопштение да реагираат на изјави на политичари со кои се злупотребува нивната работа, а притоа се користат наводни вистините (а во оснобва, манипулативни) тврдења во бугарски медиуми. Историчарите посебно им забележуваат на политичари кои се дел од власта […]

Борел: Денеска не е добар ден, една земја го блокира процесот на проширување


Денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување, изјави денеска во Брисел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Тој изрази незадоволство поради недостигот на […]

Му рекле дека ги праќа познат бизнисмен и од келнер зеле 18.000 денари


Во текот на вчерашниот ден две лица од Тетово и Мала Речица се приведени откако биле пријавени за измама. Тие од келнер успеале да земат 18 илјади денари во неколку наврати така што му рекле дека ги испраќа познат бизнисмен на кого итно му требале пари да му бидат доставени. – Вчера околу 13 часот […]

РК Вардар: Понудивме банкарска гаранција, но ЕХФ не ја прифати и не исклучи од ЛШ


 Македонскиот ракометен првак Вардар кој вчера и официјално беше исклучен од Лигата на шампионите преку соопштение ја објасни новонастанатата ситуација и причините поради кои е дојдено до неа. Во продолжение во целост го пренесува соопштението на „црвено-црните“. – По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме почетокот на новата сезона во која […]

Чадеж и Азески реизбрани на чело на Коморскиот инвестициски форум и во наредниот мандат


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж, беа реизбрани да го раководат Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за нов мандат од четири години, на денешната седница на Управниот одбор на КИФ, која беше одржана во онлајн формат. На 21 и 22 јули во Охрид ќе […]

Левица: Коневски од „Мериот коалицијата“ на платен список на Општина Кисела Вода


Политичката партија Левица открива дека поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, „кој важеше за близок соработник и адвокат на Сашо Мијалков“, во последниве три месеци добил 200.000 денари од општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. – Додека градоначалникот Ѓорѓиевски одбива да воведе бесплатни градинки по иницијатива на Левица, очигледно општината може месечно да издвојува […]

Од утре се воведува делумна забрана за движење во шуми и шумско земјиште


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот. Забраната стапува во сила од утре и се воведува со оглед на зголемената […]

УНЕСКО: Повеќе од 150 објекти од културата во Украина делумно или целосно уништени


Над 150 објекти од културата се делумно или целосно уништени за време на речиси четиримесечната војна во Украина, соопшти денеска Организацијата за наука, образование и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). „Во борбите делумно или целосно се уништени 152 културни објекти, вклучувајќи 70 верски објекти, 30 историски објекти, 18 културни центри, 15 споменици, 12 музеи и […]