Две лица од Скопје осомничени за изнуда, обвинителство бара притвор


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“ од член 258 став 2 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО-Скопје. Со употреба на сила и сериозна закана со опасно орудие – мачета и на особено насилен начин, според […]

ДПМ распишува конкурс за најдобра песна и есеј


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распишува конкурс за најдобра песна и најдобар есеј на манифестацијата „Празник на липите“. На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ анонимно, а изборот за најдобра песна, односно есеј, ќе го врши тричлена стручна комисија. Како што соопштија од ДПМ, песната или есејот треба да се испрати во […]

Шаќири: МОН ќе инвестира во четири гостиварски училишта околу 40 милиони денари


Во рамки на втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“, министерот за образование и наука Јетон Шаќири оствари посета на неколку образовни институции во Гостивар. Министерот беше гостин на Средното медицинско училиште во Гостивар, каде одблизу ги виде презентациите на учениците и наставниот кадар, а во ОУ „Гоце […]

Лавров негира дека Путин е болен


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги демантираше шпекулациите дека претседателот Владимир Путин е болен. Во интервју за француската телевизија, Лавров рече дека рускиот лидер се појавува во јавноста секој ден и ниту еден разумен човек нема да види знаци на болест. Сѐ погласни се непотврдените медиумски шпекулации дека Путин, кој оваа година […]

„ПАРИ“ открива: Десет градежни фирми лани направиле профит од над 20 милиони евра


  Во услови на криза, прво предизвикана од пандемијата, а потоа и од руско-украинската војна, најбрзо страдаат проекциите за капиталните инвестиции, а тоа значи помал ангажман и на градежните компании. Но, она што беше добрата страна за градежништвото во изминатиов период е градежната експанзија во однос на станбената изградба. Интересно, колку и да се градат […]

Смилов: Во Бугарија има група луѓе кои не сакаат Македонија да стане членка на ЕУ


  Во Бугарија има група луѓе кои не сакаат Северна Македонија да стане членка на ЕУ.  Затоа ќе  има популистички обиди за оттргнување на земјата од патот на евроинтеграциите, оцени политикологот Даниел Смилов за БНР. Според него, жестокиот отпор да се тргне ветото е од маргиналните делови на политичкиот простор, но влегуваат нови актери, национал-популисти, […]

Ништо веќе не го спречува НАТО да се распоредува во Источна Европа


Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоана, верува дека НАТО повеќе нема да ја исполнува својата посветеност да не распоредува дополнителни сили во Централна и Источна Европа, објави АФП.Според него, Русија практично го поништила Основачкиот акт за меѓусебни односи, соработка и безбедност меѓу Русија и НАТО, потпишан пред 25 години. Заменик-претседателот на алијансата рече дека Русите […]

Подивеа ли Бугарите?


Секој народ има способност да подиви од време на време. Да излезе надвор од границите на цивилизираното однесување и да се претвори во жестока глутница. Тоа, знаеме, им се случи на Германците во периодот 1933-45 година, а во моментов, рускиот народ е во оваа ситуација. Што пак се случува со бугарскиот?   Разлика меѓу цивилизирано […]

Првиот ураган сезонава се приближува кон тихоокеанското крајбрежје на Мексико


Агата, првиот ураган оваа сезона, се движи кон туристичките населби и плажите на јужното тихоокеанско крајбрежје на Мексико, со предуредувања од надлежните дека невремето носи силни дождови и можни поплави. Ураганот вчера почна да добива на сила и се предвидува дека до мексиканскиот брег каде се предвидува дека ќе пристигне попладнево или најдоцна вечерва ќе […]

Плеврис: Веројатно е наесен да биде потребна четврта доза од вакцината за општото население


Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис ја остави отворена можноста на есен да биде потребна четврта доза од вакцината за општото население, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека „логиката покажува дека ќе биде потребна вакцинација“, објаснувајќи дека тоа е најверојатното сценарио, а текот на пандемијата ќе […]

Во среда стартува 21.издание на „OFFEST“


Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно состав ПЕРИЈА, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури ДОБРИЛА & ДОРИАН ДУО, со домашна […]

Избори во Колумбија: поранешен левичарски герилец и десничарски популист одат во вториот круг


  Изборите во Колумбија ќе одат во вториот круг помеѓу двајца кандидати против естаблишментот на 19 јуни, кои се на две сосем спротивставени позиции, откако гласачите во неделата не можеа директно да изберат претседател. Густаво Петро, левичарски поранешен герилец и некогашен градоначалник на Богота, освои најголем дел од гласовите, 40%, но не ги исполни потребните […]

Голем пожар во Тетово – гори поранешниот Монопол


Густ црн чад се издигна утрово над Тетово. Според локалните медиуми, станува збор за пожар во кој наводно е зафатен поранешниот Тутунски комбинат познат како Монопол, јавуваат повеќе медиуми. Пожарот веднаш бил пријавен во тетовската противпожарна единица и пожарникарите со неколку возила се веќе излезени на терен. Пожарот утрово изби во магацин за градежен матeријал […]

Три хрватски градови на листата најдобри светски дестинации за одмор


  Големата студија „Compare the Market” објави листа од 35 светски градови покрај море, кои се идеални за одмор. Во рамките на истражувањето се воделе од критериму како бројни активности кои моеж да ги правите во нив, бројот на ресторани, плажи, безбедноста во градот, просечните температури, но и бројот на Инстаграм постови од тие градови. […]

Русите стигнаа до улиците на Северодонецк


Русите напредуваат кон центарот на Северодонецк, откако успешно се пробиваја кон предградијата на североистокот и југоистокот,така што  битките се водат веќе на улиците. „Многу тешката“ ситуација ја соопшти гувернерот на регионот Луганск (каде се наоѓа градот) Серхи Гајдаи, според чие објавување во „Телеграм“ има убиени и ранети цивили. Според него, градот нема гас, вода и […]

ВМРО-ДПМНЕ: МВР го прикрива случајот со пукањето во Чаир


ВМРО-ДПМНЕ обвини денес дека МВР и Оливер министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прикриваат случајот со пукањето во Чаир, во кој според нив бил вмешан заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани. -Наместо гарантирање на безбедноста во главниот град, но и во државата, МВР на чело со Спасовски е извор на криминалот и пресметките со […]

Петар Стојанов: Бугарската агресивна позиција кон Македонија создава нација што ја мрази Бугарија


Позицијата на Бугарија кон Северна Македонија не треба да биде агресивна, бидејќи така се создава една нација кој искрено ја мрази Бугарија, изјави поранешниот бугарскиот претседател Петар Стојанов за софиската телевизија бТВ. Стојанов, кој беше бугарски претседател од 1997 до 2002 година, оцени дека колку и да се заострени позициите, дијалогот меѓу „двете братски држави“ […]

Прекин на водоснабдувањето на улица „Елисие Поповски – Марко“


Поради уличен дефект ф 100 милиметри на улица „Елисие Поповски – Марко“ кај крстосницата со „Ѓорѓи Абаџиев“, денеска прекинато водоснабдување имаат корисниците на дел од овие две улици во Центар. Како што информираа од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 08:50 часот и ќе трае до санирање на дефектот. 

Лоцирано местото на падот на авионот во Непал


Непалската армија соопшти дека го лоцирала местото на падот на авионот кој исчезна вчера, а во кој имало 22 лица. – Тимовите за пребарување и спасување го лоцираа местото на несреќата – портпаролот на армијата Нарајан Силвал на Твитер, објавувајќи слика на која се гледа бројот на опашката на авионот. Како што беше претходно објавено, […]