Русите стигнаа до улиците на Северодонецк


Русите напредуваат кон центарот на Северодонецк, откако успешно се пробиваја кон предградијата на североистокот и југоистокот,така што  битките се водат веќе на улиците.

„Многу тешката“ ситуација ја соопшти гувернерот на регионот Луганск (каде се наоѓа градот) Серхи Гајдаи, според чие објавување во „Телеграм“ има убиени и ранети цивили. Според него, градот нема гас, вода и струја. Украинските власти имаат врска со него со хуманитарен центар и болница преку мрежата Starlink (на милијардерот Илон Маск). Тој подоцна на Фејсбук напиша дека 90% од станбениот фонд е оштетен, а 60% – до степен до кој не може да се обнови. Збратимениот град Лисичанск, кој е од другата страна на реката Северск Донец, останува под украинска контрола.

Гајдаи, кој е еден од главните извори на информации за тоа што се случува во регионот на украинска страна, забележува дека руските сили превезуваат големо количество муниција и опрема во Северодонецк. Локалните и меѓународните медиуми објавија дека се водат толку интензивни борби што е невозможно да се процени бројот на жртвите.

Гајдаи известува дека критичната инфраструктура е уништена, лекарите на периферијата на градот исчезнале, а повеќе доброволци се повредени. Неколку дена откако претседателот Володимир Зеленски повторно инсистираше на тоа дека оружјето од Западот не е доволно додека Русија напредуваше во Донбас, гувернерот на регионот Луганск ги наведе Германија и Унгарија како земји кои го одложуваат снабдувањето со тешко оружје.

„Руската војска очајно се обидува да го преземе Северодонецк, рече тој. И не им е грижа колку живот ќе чини ова искуство“, рече претседателот Володомир Зеленски.

Според него, напаѓачите сакаат да го подигнат своето знаме на административната зграда на Северодонецк, која се наоѓа на булеварот „Пријателството на народите“- „колку и да звучи горко тоа име сега“. „Украина прави се што е можно за да ја ограничи офанзивата“, додаде тој.

Севернодонецк веќе беше значајно разурнат во војната во 2014 година, за потоа да биде обновен, така што на жителите во градот по вторпат им се случува истата трагедија. Многу жители од овој регион одамна проценија дека нема иднина и се иселија во други делови на земјата или надвор.