Серија земјотреси ноќеска во Тетовско


Три земјотреси со јачина од 2,2 до 2,7 степени по Рихтер вчера беа регистирирани во Македонија, а според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е помеѓу Тетово и Гостивар. Земјотресите се со ниска магнитуда и ги почувствувале само граѓаните кои живеат во повисоките згради. Граѓаните велат дека е вообичаено после невреме да се тресе тлото. […]

Најмногу дожд во Ѓуриште и Струмица, 43 литри на метар квадратен


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште и Струмица, 43 литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Тополчани, Демир Капија и Гевгелија, еден литар на единица површина. Според УХМР, до осум часот утрово се измерени и 34 литри воден талог во Тетово, 22 литра во Прилеп и Пожаране, 17 во Скопје Петровец, […]

Девет ракометари заминуваат од Еурофарм Пелистер


Македонскиот вицепрвак останува без девет ракометари кои ќе го напуштат клубот на истек на договорот или со платено обештетување. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат: унгарскиот репрезентативен голман Мартон Секељи, бековите Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ и Стипе Мандалиниќ, капитенот Јосип Периќ, но и ракометарите со голема минутажа во клубот, Матео […]

Без билети или со фалсификати на финалето во ЛШ се обиделе да влезат 30-40 илјади навивачи


 Помеѓу 30.000 и 40.000 навивачи без или со лажни билети се обиделе да влезат на саботното финале во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0) во Париз. Ова се наведува во извештајот на француската полиција, објавија француските медиуми. Според органите на редот, околу 300-400 млади луѓе од локалното предградие Сен Дени сепак успеале […]

Мечот против Ѓоковиќ може да биде последен за Надал во кариерата


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го сподели своето мислење за утрешниот четвртфинален меч на Ролан Гарос против Србинот Новак Ѓоковиќ. – Јас сум во четвртфиналето и едноставно уживам да играм овде повторно. Ситуацијата сега е таква што не знам дали следниот натпревар ќе ми биде последен во кариерата. Повторно поминав низ проблеми со нозете. Не знам […]

Бостон ја доби мајсторката со Мајами и се пласира во големото финале на НБА-лигата


Екипата на Бостон селтикс рано утрово го совлада Мајами со 100:96 во седмиот натпревар од полуфиналето на НБА-лигата и се пласира во големото финале. Џејсон Тејтум со 26 поени и 10 скока беше најдобар во победничкиот тим, Џими Батлер во редовите на домашната екипа беше најефикасен со 35 поени. Бостон ја доби серијата од конференциското […]

В среда Албанија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН


Албанија на први јуни го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации. – Во Њујок на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Ферит Хоџа амбасадор во ОН ова го оценува како голема одговорност, но секако […]

Џинпинг: Кина е подготвена да работи за заедничка иднина со островските земји на Тихиот Океан


Кина секогаш ќе биде добар пријател на тихоокеанските островски нации, без разлика на промените на меѓународната ситуација, се вели во писмената изјава на претседателот Си Џинпинг лиферувана воочи средбата на министрите за надворешни работи на Кина и на земјите од регионот на Пацификот. Пекинг е подготвен да работи со островските држави на Тихиот Океан на […]

Сообраќајот умерен по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]

Свечена академија по повод 30 години Македонски полициски синдикат


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа учествуваше на Свечената академија по повод одбележувањето на јубилејот – 30 години  постоење на Македонски полициски синдикат (МПС), каде во поздравно обраќање во свое и во име на раководството на МВР на членовите на најрепрезентативната синдикална организација во рамки на Министерството им го честита јубилејот – три децении […]

ЕУ без договор за шестиот пакет санкции против Русија


Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на синоќешниот состанокот во Брисел не успеаја да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Руската Федерација. Нов обид за постигнување договор за засилување на притисоците врз Русија е закажан за денеска, непосредно пред специјалниот самит на лидерите на ЕУ. Предлогот на европските институции и на Франција како […]

Лавров: Ослободувањето на Донбас е „безусловен приоритет“ на Русија


„Ослободувањето“ на украинскиот Донбас е „безусловен приоритет“ за Москва, додека другите украински територии би можеле сами да одлучуваат за нивната иднина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Ослободувањето на регионите Доњецк и Луганск, кои Руската Федерација ги призна како независни држави, е безусловен приоритет“, рече Лавров во интервју за францускиот ТВ канал TF1. […]

Почнува Скопскиот економски и финансиски форум, главен говорник нобеловецот Пол Кругман


„Одржување на растот во времиња на неизвесност и потоа“ е темата на годинашниот Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ, што се одржува денеска и утре, во организација на Министерството за финансии. Главен говорник на СЕФФ 2022 ќе биде добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман. Неговото учество е обезбедено во соработка со Американската […]

Собранието треба да одржи продолженија на неколку седници


Собранието денеска треба да ги одржи продолженијата на 54., 64., 69., 39. и на  71. пленарна седница. На дневен ред на 54. седница се Предлог за избор на заменици на народниот правобранител, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на […]

Европската инвестициска банка отвора канцеларија во Скопје


Инвестициските и развојни планови за земјата и клучните цели поврзани со отворањето на локалната канцеларија на Европската инвестициска банка ќе бидат претставени денеска во Скопје на настан по повод официјалното отворање на Канцеларијата во Скопје. На настанот, како што е најавено ќе се обратат потпретседателката на на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова, премиерот Димитар Ковачевски, […]

Црвениот крст на Северна Македонија испраќа хуманитарна помош за Украина


Црвениот крст денеска ќе испрати хуманитарна помош за настраданото население во Украина. Хуманитарната помош ќе тргне од Центарот за логистика на Црвениот крст во Скопје во 10:30 часот. За тоа што содржи помошта и за текот на акцијата за нејзино собирање ќе информира генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. Црвениот крст на Република Северна Македонија […]

Јавна расправа по повод Меѓународниот ден за акција за женското здравје


По повод 28 мај – Меѓународниот ден за акција за женското здравје, Клубот на пратенички на Собранието во соработка со Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ ќе одржи јавна расправа на тема: „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“. […]

Македонско – романски бизнис форум


Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија во во земјава, денеска организира „Македонско – романски бизнис форум и билатерални средби“. На Форумот, покрај работниот дел на кој ќе се обратат Анета Трајковска, потпретседател на Стопанската комора, Адела Моника Аксинте, амбасадор на Романија во Скопје и Паул Бутнариу, претседател на Трговско-индустриската комора […]

Сончево и топло, попладне нестабилно со дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8. Максималите дневни температури ќе бидат во интервал од 24 до 31 степен. Во Скопје сончево со мала […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 30 мај 2022 година, 146-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 219 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 58 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 4 часот […]