Смилов: Во Бугарија има група луѓе кои не сакаат Македонија да стане членка на ЕУ


 
Во Бугарија има група луѓе кои не сакаат Северна Македонија да стане членка на ЕУ.  Затоа ќе  има популистички обиди за оттргнување на земјата од патот на евроинтеграциите, оцени политикологот Даниел Смилов за БНР. Според него, жестокиот отпор да се тргне ветото е од маргиналните делови на политичкиот простор, но влегуваат нови актери, национал-популисти, додека разликите во рамките на владејачката коалиција ги смета повеќе за тактички отколку за стратешки.
 
„И големите опозициски партии, како ГЕРБ и ДПС,  исто така имаат јасна позиција за ова прашање. Овој широк консензус мора да се одржи, бидејќи ќе имаме популистички обиди да ја одвратиме земјата од патот на европската интеграција“, вели Смилов. 
 
Околу стабилноста на бугарската влада и нејзината поврзаност со спорот за Македонија тој вели: „Секоја сложена коалиција во одреден момент се распаѓа. Прашањето е колку долго ќе трае“.
 
Тој сепак не гледа дека владејачката коалиција се соочува со непосредна криза што ќе доведе до предвремени избори или нејзино реформатирање, а главниот предизвик на четирите различни партии со различни интереси е да најдат „заеднички терен“ за поинтензивна законодавна работа.
 
За префрлањето на решението за Македонија  во парламентот, Даниел Смилов смета дека постојат „можности за позитивно решение за двете земји“.
 
„Постои група луѓе во Бугарија кои едноставно не сакаат Северна Македонија да стане членка на Европската унија поради некоја причина. Ставот на Бугарија како целина треба да биде дека е во наш стратешки интерес Северна Македонија да влезе во ЕУ.  ГЕРБ е во тешка позиција за таканареченото македонско прашање. По нивната позитивна улога во 2017 година во забрзувањето на пристапувањето на Западен Балкан, од 2019 година поради некоја причина тие ја свртеа политиката“, оцени тој. Според неговите зборови, „време е да се вратат на својата позиција од 2017 година“, додека за партијата Има таков народ смета дека треба внимателно да се следи.
 
 „Ова е партијата која е најтешко да се предвиди. Тие се нова партија, идеолошки во центарот и тешко е да се одредат. Во голема мера, нивните размислувања се тактички. ИТН мора да пресмета дали победува или да губи од однесувањето што несомнено создава чувство на голема несигурност. Владината коалицијата дефинитивно губи од ова чувство на нестабилност“, оценува Смилов.