Три хрватски градови на листата најдобри светски дестинации за одмор


 

Големата студија „Compare the Market” објави листа од 35 светски градови покрај море, кои се идеални за одмор.

Во рамките на истражувањето се воделе од критериму како бројни активности кои моеж да ги правите во нив, бројот на ресторани, плажи, безбедноста во градот, просечните температури, но и бројот на Инстаграм постови од тие градови.

На прво место се најде Дубаи, како врвна комбинација на градски активности и плажи. Стана една од најпопуларните туристички дестинации на светот и дом на бројни хотели со пет ѕвезди од кои многу имаат и сопствени плажи.

Дубаи беше на врвот на листата кога се во прашање два фактора: просечна годишна температуриа од 27,6 степени Целзиусови и просечните врнежи од само 160 мм.

На второ место се Дубровник и Валенсија.

Дубровник се наоѓа на Јадранското Море и претставува главна турситичка дестинација, а се наоѓа и на листата на УНЕСКО на светско културно наследство поради својата извонредна средновековна архитектура и стариот град.

Дубровник беше на врвот на листата не само по бројот на работи што треба да се видат и да се прават (со 2.674 активности на 100.000 луше), туку и по достапноста на ресораните (1.487 на 100.000 луше).

Валенсија, покрај златен песок и прекрасни плажи, позната е и по тоа што е град на уметноста и науката, па е дом и на атракции како планетариум, океанариум и интерактивен музеј.

Валенсија постигна високи резултати, посебно кога станува збор за безбедност на нејзините улици (74,64 од 100) и просечна годишна количина врнежи од 456 мм.

Целата листа изгледа вака:

1. Дубаи

2. Дубровник и Валенсија

3. Аликанте

5. Палма де Мајорка

6. Хонгконг

7. Хонолулу

8. Барселона

9. Фуншал

10. Лимасол

11. Малага

12. Тел Авив

13. Сан Диего

14. Токио

15. Сингапур

16. Лисабон

17. Рио де Женеиро

18. Кан

19. Венеција

20. Сиднеј

21. Сплит

21. Лос Анџелес

23. Порто

24. Пула

25. Неапол

26. Окланд

27. Атина

28. Сан Себастијан

29. Сан Франциско

30. Ница

31. Перт

32. Истанбул

33. Марсеј

34. Џенова

35. Мелбурн

Може да забележиме дека дури три поголеми градови од Хрватска се на листата, покрај Дубровник, тука се и Сплит и Пула, а од регионот на листата се најде и главниот грчки град Атина.