За бугарските социјалисти нема потреба да се крева ветото


  Темата за ветото на Бугарија за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ не треба да политички да се злоупотребува, но во овој момент нема потреба тоа да се крене, вели вискиот член на Бугарската социјалистичка парти (БСП), Кристијан Вигенин, ко е и потпретседател на бугарското собрание. Според него, требало да се остават настрана […]

Федералните резерви сигнализираа повеќе зголемувања на каматите од предвидувањата на пазарот


Записниците на ФЕД објавени во средата покажуваат дека официјалните лица се подготвени да продолжат со повеќекратно зголемување на каматните стапки од 50 базични поени. Покрај тоа, Федералниот комитет за отворен пазар соопшти дека политиката можеби ќе треба да се пресели од „неутрална“ на „рестриктивна“ територија. Записникот покажува дека членовите се надеваат дека ќе успеат да […]

Градоначалничката Арсовска од Коња, Турција, се врати со донирано протипожарно возило


  Во рамки на тродневната посета на Република Турција, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари повеќе средби со официјални претставници, меѓу кои и работна средба со градоначалникот на градот Коња, Угур Ибрахим Алтај, на која се потпиша протокол за соработка, а како гест и потврда за воспоставените пријателски билатерални односи и соработка, градоначалникот Алтај […]

Џафери ја обвини опозицијата дека ги користи методите од 27 април


Спикерот на Собранието, Талат Џафери, ја нарече проѕирна намерата на опозицијата, која според него сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување на битни закони за граѓаните,  овој пат да создаде лажна претстава во јавноста дека тој постапува спротивно на Деловникот. -Токму Деловникот ги демантира нелогичните обвинувања дека претседателот Џафери сторил […]

За вработувања во градинките се чека одобрение од МФ


Во градинките, во последните пет години вработени се повеќе од 2.000 воспитувачки и негувателки, а од Министерството за финансии се очекуваат дополнителни одобрувања, по што МТСП ќе даде согласност за нив, појасни министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска,  одговарајќи на пратеничко прашање. – Во 2017 година кога СДСМ дојде на власт затекна очајна […]

Унгарија воведува нов данок за банките, телекомуникациите, продавниците…


Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека ќе воведе нов данок за компаниите, со цел да одговори на поскапувањата поврзано со војната во Украина и да ги финансира новите трошоци за одбрана. Веста доаѓа по воведувањето на втората вонредна состојба поради руската инвазија на Украина, додека првата вонредна состојба – поврзана со пандемијата КОВИД-19 – истекува […]

Учениците ќе имаат и дигитални и печатени учебници


Министерот за образование Јетон Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање, потврди дека учениците кои почнаа од лани со новата дигитална концепција, следната учебна година ќе учат и од дигитални и од печатени улебници.  – Вие знаете дека со концептот што почна лани во прво и четврто одделение треба да продолжи. Материјалите кои биле потребни се направени […]

Рекордно ниво на инфлација во светот првпат од почетокот на векот


Порастот на инфлацијата е глобален и достигна рекордно ниво од почетокот на 21. век, предупреди еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон во интервју за францускиот информативен канал ЛЦИ (LCI). – Првпат од почетокот на векот гледаме такво ниво на инфлација. Тоа е глобален феномен, посилен во САД, отколку во Европа, истакна Бретон. Како што тој […]

Ковачевски за дисциплинската постапка за Џафери: Не закажувам јас седници


Вие бегате од прашање, а не јас од одговор, затоа што наместо вие да му го поставите прашањето на претседателот на Собранието, ми го поставувате мене, а јас не сум негов портпарол, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од Драган Ковачки. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот на Владата да го осуди однесувањето […]

Ангеловска-Бежоска на „Еуромани“: Главната цел на монетарната политика во криза е зачувување на стабилноста


Главната цел на монетарната политика за време на пандемијата, како и сега со новите предизвици коишто ги донесоа енергетската криза и војната во Украина е зачувувањето на стабилноста. Иако двете кризи се од различна природа и бараат различна реакција и поставеност на монетарната политика, крајната цел е иста ‒ зачувување на макроекономската стабилност. Ова го […]

Дваесет жени од земјава и регионот ќе ја добијат статуетката „Жена водилка“ на изборот за најдобри менаџерки


Дваесет жени од земјава и од регионот се избрани за најуспешни жени менаџери во рамки на традиционалната манифестација што ја организира Концепт Марили. Во сабота во Охрид, кога ќе бидат врачени статуетките „Жена водилка“, ќе се одржи и бизнис форум со четири панели посветени на Економскиот баланс – турбулентни предизвици, Личен менаџмент – создавање додадена […]

Загина дете откако возилото излетало од коловоз на автопатот Скопје – Велес


  Во средата, во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник(дете) и биле пренесени во Општа […]

Надал по Ѓоковиќ и Федерер е третиот со 300 победи на Грен слем турнирите


Франција –  Шпанецот Рафаел Надал доцна синоќа во второто коло на „Ролан Гарос“ го победи Корентин Муте – 6:3, 6:1, 6:4. За 21-кратниот шампион ова е 300. Грен слем победа. Повеќе од Надал мечеви со позитивен исход имаа само Новак Ѓоковиќ (325) и Роџер Федерер (369). По процентот на победи (87,9%), подобар од Надал е само […]

Драмски театар со „Моето име е Горан Стефановски“  на 67-то „Стеријино позорје“ во Нови Сад


Драмски театар Скопје, со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ, ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје“ во Нови Сад. По повеќегодишна пауза Драмски театар – Скопје се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад со изведба на претставата во меѓународната програма „Кругови“. „Се викам Горан Стефановски“ ќе биде […]

Премиерот на Ирска бара да се сменат правилата во ЕУ – да нема вето за проширувањето


  Ирскиот премиер, Михол Мартин, изјави дека неговата земја е отворена за промена на договорот на Европската унија врз основа на предлозите за ревизија на работата на Унијата, што сигнализира потенцијална поддршка за отстранување на ветото на земјите-членки за проширување на блокот и за воведување санкции. „Ние не ја затвораме вратата против промената на договорите […]

„Елвис“ на Баз Лурман доби најдолг аплауз во Кан – Присила Присли заплака


Франција- Публиката на Канскиот филмски фестивал трепереше за Остин Батлер како крал во светската премиера на Баз Лурман на „Елвис“. Филмот доби бурни 12-минутни овации, најдолгите на годинешниот јубилеен фестивал досега. Како што овации продолжуваа и продолжуваа, Батлер со насолзени очи ја прегрна исто толку емотивната вдовица на Елвис Присли, Присила Присли, која допатува на […]

За попладне и вечер најава за изолиран развој на пороен дожд, грмежи, ветер и можна појава на град


 Времето денеска е сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени, УВ индексот ќе биде осум. Во […]

Зеленски го нападна Кисинџер


Украинскиот претседател Володимир Зеленски жестоко го нападна Хенри Кисинџер, по неговото обраќање преку видео-врска до учесниците на Светскиот економски форум во Давос, кој утрото додека говореше на тема Украина предложи мировните преговори да имаат за цел создавање граници долж „контакт линија“ во Донбас како што постоеја пред руската инвазија. Во видео пораката во средата, Зеленски […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за Талат Џафери


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери. -По вчерашниот ден, во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден автократ кој што […]

(Видео) Трик со кој не морате да ги пробувате фармерките пред да ги купите: погледнете го ова и ќе знаете дали ви се точни


Супер трикот ќе ви помогне без да се обидувате да знаете дали големината на некои фармерки ви одговара! Понекогаш е вистински подвиг да пронајдете соодветен пар фармерки, па дури и ако припаѓате на група луѓе кои мразат да пробуваат облека во продавниците, тогаш купувањето за вас е вистински кошмар. Но, тоа не мора да биде, […]