За вработувања во градинките се чека одобрение од МФ
Во градинките, во последните пет години вработени се повеќе од 2.000 воспитувачки и негувателки, а од Министерството за финансии се очекуваат дополнителни одобрувања, по што МТСП ќе даде согласност за нив, појасни министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, одговарајќи на пратеничко прашање.
– Во 2017 година кога СДСМ дојде на власт затекна очајна состојба во градиките во однос на вработувањата. Фалеа 2.000 вработувања, а оние кои работеа, најголем дел беа на определено – рече Тренчевска.
Таа појасни дека од тогаш во градинките се вработени 2.385 лица.
– Во моментот има барања за согласносто во Министерството за финансии, и очекувам скоро да бидат вратени позитивни, за пополнување онаму каде се пензионирале или се зголемиле капацитетите – рече Тренчевска.
-Проблеми во градинките има таму каде што постои самоволие на сегашните градоначалници кои не почитуваат закон и министер, но проблемите се решаваат согласно закон. Градоначалниците наместо да трошат пари за партиски вработувања во јавните претпријатија, привремено да ангажираат лица во градинките, дополни Тренчевска.