Бесими: Министерството за финансии не е адресата за протести на синдикатите


Во ребалансот го има она што е дефинирано. Не можеме да предвидиме работи кои не се дефинирани. Дека е ветено нешто, тоа не можам да потврдам во однос на ребалансот, но дека се разговара, се разговара. Владата покажа само во 2022 година колку направи во однос на економско-социјалниот дијалог, како за минималната плата, така и […]

Има кратења, но и додавања – Бесими вели дека ребалансот на Буџетот е одговор на кризата


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Одговорајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир, Бесими нагласи дека очекува Собранието […]

Без вода улиците околу Бугарската амбасада


Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улица „Киро Крстевски Платник“ до „Коста Неделковски“, „Златко Шнајдер“ и уметничкото училиште во Општина Центар. Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица „Златко Шнајдер“ крстосница со „Киро Крстевски Платник“. 

Единствената вакцина против мајмунски сипаници одобрена само во САД и во Канада, не и во ЕУ


  Достапни се доволни залихи на вакцината „имванекс“, против мајмунски сипаници за сузбивање на моменталната епидемија, вели производителот на вакцината за ДПА. „Баваријан нордик“ е единствена фирма во светот чија вакцина против мајмунски сипаници има одобрение на регулаторот. Во моментот може да се произведат 30 милиони дози годишно, рече претставникот Ролф Сас Соренсен. Вирусот на […]

Левица побара инспекциски надзор за споменикот на балистот Џемо Хаса


Левица поднесе нова iницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, против Општина Гостивар, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот споменик во гостиварското село Симница, во чест на балистот Џемо Хаса. Оваа иницијатива е во контекст на претходно поднесената Иницијатива против подигнувањето на меморијалниот споменик во чест […]

Kолку пензионери се на дното, а колку на врвот според висината на пензијата?


    Точно 3,031 пензионер во државата земаат најнискa пензија во висина од 10.276 денари. Станува збор за пензионери кои правото да заминат во пензија го оствариле  од 1.1.1997 година и тоа во третата група, во многу турбулентен периодот за државата, пишува порталот „Пари“. Според последните објавени податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување […]

Тактилна изложба „Допирот на уметноста“ на битолскиот Музеј во Хрватска и Словенија


Националната установа Завод и Музеј-Битола промовира тактилна изложба со наслов „Допирот на уметноста“ во Словенија и Хрватска. Станува збор за проект поддржан од Министерството за култура со кој се промовира македонското културно наследство со тактилна изложба, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола. – Гостувањето во Хрватска и Словенија беше реализирано поводно, за меѓународниот ден на […]

Економско-финансиски дијалог со ЕУ: Се бара внимателно креирање на фискалната политика


Обезбедување фискална поддршка во годинашниот Буџет за надминување на ефектите од кризата, внимателно следење на ценовните движења и зачувување на ценовната стабилност на среден рок преку водење соодветна монетарна политика, продолжување со реформите во управувањето со јавните финансии преку постепена фискална консолидација на среден рок, усвојување на новиот закон за буџет, спроведување на Даночната стратегија […]

Во пожар во Атина изгореа кутии со хуманитарна помош за Украина


Во пожар, што од засега непознати причини изби во надворешниот дел на спортска сала во Атина, целосно се уништени кутии со облека и покривки, дел од хуманитарна помош наменета за Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Во гаснењето на пожарот, што е ставен под контрола, интервенирале десет пожарникари со три возила.

(Видео) Ваков човек се раѓа само еднаш. Нема да поверувате што прави со стомакот


На социјалната мрежа „TикTок“ се појави видео од човек кој ги изненади сите со тоа што може да направи. Погледнете како го трансформира стомакот. Човек кој се потпишува како „Господар на стомакот“ на „ТикТок„ сподели видео на својот профил во кое ја прикажува неверојатната трансформација на телото. За само неколку секунди може екстремно да го […]

СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е […]

Двајца битолчани осомничени за напад врз полицајци на кошаркарски натпревар


Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица осомничени за кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, а за едното од нив е предложен притвор. -Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, физички нападнале тројца полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност – обезбедување […]

Лансирана првата регионална платформа за е-трговија


Споредено со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн. Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77 проценти од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71 процент, додека […]

Твитер ќе плати 150 милиони долари поради проблем со заштита на личните податоци


Твитер се согласил да плати казна од 150 милиони долари, да реши тужба, поврзана со заштита на личните податоци, соопшти американското Министерство за правда. Владата на САД ја обвинува социјалната платформа дека ги прекршила одредбите на Федералната трговска комисија, со тоа што ги доведувала своите корисници во заблуда за степенот до кој ги заштитила нејавните […]

Владата донесе одлука, следува предвремена исплата на мајската пензија


Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2022 година, и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.05.2022 година. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со […]

Aнџела Прајс Агелер предлог за нов амбасадор на САД во Македонија


  Белата куќа објави список со имиња кои ќе се номинираат за амбасадароските места на САД во неколку држави, меѓу кои и во Македонија. Kандидатка за таа позиција во нашата држава е Анџела Прајс Агелер, која еднаш веќе служеше во Македонија на друга позиција. Доколку биде потврден предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, Агелер ќе […]

Хуманитарен маратон на ИТ компании за поддршка на СОС Детско село


Хуманитарна акција IT4Charity Marathon 2022 започнува  денеска и ќе трае до 25 септември –  ден кога ќе се реализира маратон со старт во парк и финиш во СОС Детско село. Вработените од IT компаниите ќе можат да се приклучат со велосипед и со трчање на патека долга 10 километри. Учесниците во маратонот ќе имаат можност […]

Силен земјотрес во Мексико


  Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер ја погоди мексиканската држава Оахака, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. За сега не е пријавена материјална штета од земјотресот, кој го потресе ова подрачје во средата доцна навечер, соопштија локалните вести, а пренесе Ројтерс. До земјотресот дошло на длабочина од 57 километри, додава EMSC. Агенцијата за цивилна […]

Ќучук: Блокирањето на Македонија ќе го забави и регионот


Доколку Бугарија не даде зелено светло за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, тоа ќе резултира со забавување на развојот на регионот, што во никој случај нема да биде од полза за меѓународниот имиџ на Софија, оцени изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук на конференцијата „Либералите за иднината на Европа […]

Откажана трката од Мото ГП за Големата награда на Финска


 Меѓународната федерација за мотоспорт (FIM) најави откажување на етапата од серијата Мото ГП во финскиот град Кувола и намалување на шампионатот на 20 трки. – Работата за хомологација во „KymiRing“, заедно со ризиците предизвикани од геополитичката ситуација во регионот, доведе до откажување на Гран при во Куовола во 2022 година., Мото ГП со нетрпение очекува […]