Силен земјотрес во Мексико


 

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер ја погоди мексиканската држава Оахака, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега не е пријавена материјална штета од земјотресот, кој го потресе ова подрачје во средата доцна навечер, соопштија локалните вести, а пренесе Ројтерс.

До земјотресот дошло на длабочина од 57 километри, додава EMSC.

Агенцијата за цивилна заштита на Мексико наведува дека е во контакт со локалните власти во Оакаха за да изврши процена на погоденото подрачје.

Земјотресот благо се почувствувал и во престолнината Мексико Сити, а системот за тревога не е активиран, наведува градоначалничката Клаудија Шајбаум на Твитер.