Единствената вакцина против мајмунски сипаници одобрена само во САД и во Канада, не и во ЕУ


 

Достапни се доволни залихи на вакцината „имванекс“, против мајмунски сипаници за сузбивање на моменталната епидемија, вели производителот на вакцината за ДПА.

„Баваријан нордик“ е единствена фирма во светот чија вакцина против мајмунски сипаници има одобрение на регулаторот.

Во моментот може да се произведат 30 милиони дози годишно, рече претставникот Ролф Сас Соренсен.

Вирусот на мајмунски сипаници обично предизвикува благи симптоми како што се осип, треска и акни, но симптомите може да бидат и потешки.

Спомнатата компанија има седиште во Данска и таму ги произведува вакцините, иако компанијата изворно е од Минхен.

Меѓутоа, вакцината е одобрена само во САД, под назив Jynneos, и во Канада.

Фирмата сака вакцината да се одобри и во Европската Унија, вели Соренсен и во таа насока презема чекори.

Во Европа вакцина е одобрена само за големи сипаници кај луѓето, кои се сметаат за искоренети, вели Соренсен.

Вели дека фирмата прима многу прашања за вакцината, но не наведе кои земји ја купиле вакцината и колку дози.

Германија нарачала до 40.000 дози вакцини против големи сипаници, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах.

Вакцината на „Баваријан нордик“ против големи сипаници изворно е развиена во соработка со американската влада по нападот на Светскиот трговски центар во 2001 година, кога Вашингтон стравуваше од биолошки напад кој би вклучувал и мали сипаници.

Владата планираше да го вакцинира селото население, рече Соренсен, истакнувајќи дека постарата вакцина е поврзана со значајни нуспојави.

„Затоа дојдоа кај нас и бараа да направиме подобра и понова генерација вакцини против големи сипаници“, додаде Соренсен.

Тоа е многу сигурна вакцина која е тестирана на многу цврсти податоци, тврди Соренсен.